44. Забележување
Да, и јас забележав мои проблесоци во мислата-сентенции, афоризми, изреки, думања (промислувања), ставови и заложби во предизборните пораки на некои од кандидатите за нов претседател на Македонија. Објавени на Интернет и социјалнава мрежа во изминатите денови, месеци, години.
На пример, за вредностите и квалитетот на животот, за слободоумноста, достоинството и гордоста на личноста, индивидуалноста, личниот и колективните идентитети, за целосно преуредување на државата…
Морам да нагласам дека јас-Љупчо Димитровски, немам апсолутно никаква врска со ниеден од кандидатите за претседател. Се разбира, тие ми се познати, некои ги познавам лично (со еден дури заедно сме живееле некое време во ист влез на иста зграда во Скопје), но не верувам дека тие воопшто се сеќаваат на мене.
Не сум ниту член на некој од претседателските-партиските изборни штабови.
Со кого сум живеел во ист влезе во зграда во Скопје? Со Гордана Силјановска-Давкова.