Потребно време за читање: < 1 минута

7. Непризнаен творец

Творец-писател во години е нереално да очекува или да се надева на какво било признание на неговото грандиозно дело, на општествен статус или на што-годе друго.

Дури ни објава на неговото грандиозно, целокупно, за многумина незамисливо мислечко, научно и книжевно творештво во книжна/хартиена форма. Во таа смисла, за него е „природно“ важно тоа што е објавено/се објавува на Интернет, на посебна веб страница и на социјална мрежа.

Штом немало и нема пројавен интерес за објава на макар едно дело, „природна“ е реакцијата на творец-писател во години да обзнани дека тоа повеќе НЕ ГО ДОЗВОЛУВА.

А станува збор не само за ГРАНДИОЗНО ТВОРЕШТВО, туку и за ЕДИНСТВЕНО НА СВЕТОТ и според разновидноста и според оригиналноста!

Сосем е разбирливо тоа што на творец-писател во години МУ Е СЕЕДНО дали по неговата смрт ќе исчезне/ќе биде уништено и неговото творештво.

Прашање на кое одговарам и ќе одговарам исто:

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ И ПРОМИСЛУВАЊЕ, 37

Што ќе остане од мене по мојата физичка смрт?

НИШТО!

Во оваа држава јас како мислител и книжевник (радиофонското творештво го сметам за одамна мртво) ниту СУМ ПОСТОЕЛ, ниту ПОСТОЈАМ!

Не, не се жалам, ниту прифаќам и најмало сожалување. Личното достоинство ми било и ми е највредното во животов. Само констатирам лична НЕМЕНЛИВА состојба.