Потребно време за читање: 2 минути

23. ЕУ се брани од епидемија на корупција во Северџганија!

1. Што значи епидемија на корупција? Исто како секоја друга епидемија?

-Само делумно да. Имено, како секоја друга епидемија, и корупциската во Северџганијава е пренесена-донесена-раширена од некое жариште. Кое? Не се знае? Сè уште не е откриено? Само наивен и будала не знае.

Жариштето е во „меѓународниот фактор“, односно во ЕУ и „стратешкиот партнер“! Кое во меѓувреме сосем не го угаснале, ама успеале да го контролираат и, нормално, да не дозволат епидемијата „да се врати“ кај нив како бумеранг. Но уште понормално-тие не остануваат само на тоа. Напротив, преземаат сè, најпрвин изолација на епидемиското подрачје. Подрачјето е нова, измислена држава именувана како Северџганија, со нова нација наречена Северномакедонци, уште „на стартот“ заразена со корупција.

2. Кога е збор за епидемија на корупција, оној што има искуство со епидемии знае дека таа не може да продолжи да се шири ако во меѓувреме не создаде свое жариште. Во конкретниов „случај“ тоа се изделува, односно се назначува како „висока корупција“ именувана со корумпирана власт.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ И ПРОМИСЛУВАЊЕ, 24

3. „Меѓународниот фактор“, односно ЕУ и „стратешкиот партнер“ на Северџганија го презедоа првиот одбранбен чекор против епидемијата на корупцијата, поточно против жариштето „висока корупција“: одби да ги почне преговорите за членство на Северџганија во ЕУ. Условот „уставни промени“, со цел именување на бугарското малцинство како „дел од народ“ (Северџганија е единствена земја на светот во која има „делови од народи“, а не малцинства) е само „бенигно покритие“ на тој чекор.

4. „Меѓународниот фактор“, односно ЕУ и „стратешкиот партнер“ САД го изделуваат, го акцентираат жариштето на епидемијата именувајќи го со „висока корупција“ затоа што во борбата против секоја епидемија помага кој може, но таа мора најнапред да биде „внатрешна“. Се знае дека ниедна, па ни епидемијата на корупцијата не може ниту да се стиши, ниту да угасне, ниту да се сопре ако не се изолира и угасне нејзиното жариште. Жариштето на високата корупција е корумпирана власт- актуелната СДСМ-овско-ДУИ-џиска!

5. Клучно прашање: како против корумпираната власт како жариште во Северџганијава и епидемијата на високата корупција?

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ И ПРОМИСЛУВАЊЕ, 31

Се знае како, како со секоја епидемија: со борба на некорумпирани, и тоа жестока, предводена од некорумпирана власт. Како да се „добие“ таква? Со демократски, слободни и „чисти“ избори? Да, ама кој да ги организира? Корумпирана власт која е жариште на епидемија на корупција?

Просто невозможно! Особено ако се има предвид дека актуелната власт му е натурена на народот, а со цел ништење на Македонците и нивната држава Македонија. Кое е во завршна фаза, пред почнување на „процесот“ на прекројување на „Западниот Балкан“.

6. Конечно:

 Несомнено, непочнувањето преговори на Северџганија за членство во ЕУ е само порака на „меѓународниот фактор“-ЕУ и „стратешкиот партнер“ САД дека тие не дозволуваат и нема да дозволат епидемијата на корупцијата да се прелее кај нив. Без оглед што е почната кај нив и се одржува, сè уште се поттикнува од нив  „одоколу“.