30. Како никогаш
Тој веќе дамна не знае
колку досега семиња фрли
во оваа земја пустошна
незакоренети развеани
од жежок ветер како оган
што да не остана ни трага
зад негово постоење
со минато изминато време
а само голи камења
во неизмерна далечина
на доглед на око самотно
во длабок молк потонато
во сончевина слепотна
што ослепува
што зеници гасне
како никогаш да не била
толку безнадежна умората
негова
по толку бесцелни лунѕања
без сенка без тело без дух
бесмислен глас онемен
заедно со миг на празнина
меѓу него и нов почеток
тоа е нераскинлива врска
со мртви во песни
со тишини неиспеани
на мртви заборавени
камени како никогаш
да не постоеле пред него
дека некогаш постоеле
семиња фрлени
во оваа земја пустошна
незакоренети развеани.