ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, 294-322

Потребно време за читање: 2 минути

294. Помагањето

Како можеш да помогнеш? Ако сакаш, како што можеш.

295. Грбави

Ги чувствувате, ама уште не ги согледувате грпките што сте ги добиле од постојано виткање на `рбетите.

296. Учете деца!

Деца, учете и покрај сè! Не дозволувајте властодршциве да ве направат какви што се тие-неписмени и полуписмени.

297. Парадокс

Народот плаќа платеничка, мафијашка и велепредавничка власт!

298. Пред друго

Ни личен ни колективен опстанок без слобода, правда, образование, култура, традиција и историја.

299. Заборавен

Блиски го заборавиле ко да не биле. Блиски се ко да не се.

300. Единствена

Со неа како со никоја друга. Некогаш, дамна.

301. Крајот

Се знае крајот на власт која владее мафијашки, уривајќи го достоинството на народот.

302. Доста ми е од вас!

Не сакам ни да ви ги гледам суратите, а камо ли да ве слушам!

303. Ништо ново

Сè што правите и допрва ќе направите е непоправливо, па се знае што со вас, а потоа како без вас.

304. Од памтивек

На сила се одговара со мудрост и знаење.

305. Насилна брзаница

Зошто оваа насилна брзаница со притисоци и уцени? Поради позиционирање пред скорашно неминовно ново устројство на светот.

306. Не оти е така и никако поинаку

Не тврдам, туку согледувам колку што знам, промислувам и заклучувам.

307. Диктат

Земи или остави, па да му дадеме на друг наш платеник и измеќар.

308. Жално, но готово

Македонскиот народ и неговата држава се „завршена приказна“. Не одбраната на македонството.

309. Едни игри

Геостратешките игри не се за големи и мали деца, туку за силни и слаби, безобѕирни и мудри.

310. Велик човек

Ем богата ем сиромашна видна мислечка и творечка личност. Пред сè доблесна.

311. Што е компромисот?

Компромисот е политикантски гнилеж.

312. Човек

Чувствата се тие што го разликуваат човекот од другите живи суштества. Не свеста и сетилата.

313. Успех?!

Успех е превод и објава на мое дело во странство? Каков успех?! Баш никаков!

314. Алтернатива

Секој проблем има две решенија: едното просто, лесно и брзо, другото проблематично.

315. Длабоко

Каде ни се ведрината, радоста и спокојот? Сè подлабоко во нас, меѓу неизвесноста, стравовите и грижите.

316. Лична борба

Вака или онака до последен.

317. Глупави силници

Што намислиле-тоа мора да биде. Со колку било жртви и какви било пустошења.

318. Има и има

Кај што има сила, нема правдина, ама има мудрост, доблест и итроштина.

319. Проблемот

Секој проблем е нерешлив доколку не треба да се реши.

320. Ептен

Разобличениве ептен се изобличиле!

321. Незгодно

Стратешките партнери не се баш тактични со изјавите за нужноста од уставни измени. Со нив партиите ко да ги тераат да се откријат сами како нивни измеќари.

322. Шупелки и народ

Шупелки им свират на шупелки, а народот игра на зурли и тапани.