АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ, XIX, 31-60

Потребно време за читање: 2 минути

31. Северџганската власт е до гуша заглибена во кал и измет кои не можат да ги сокријат, ниту да ги прикријат. Ѝ нема спас? Прашање е на ден или ноќ кога…!?

32. „Стратешкиот партнер“ и „меѓународниот фактор“ веќе немаат трпение?! Конечно разбрале дека и тие се лажени и мамени!?

33. Ѕвони телефон во ниедно доба на ноќта:
-Ало, дома ли си?
-А кој ме бара?
-Значи, не си оти си.

34. Квазиобразовани квазисинови и квазиќерки на квазиполитира(к)и и квазибизнисмен(к)и во квазидржава!

35. Копилиња и изроди мамето ѝ го ебаа и ѝ го ебаваат на државата!

36. Стар бел дедо:
Не разбирам зошто Американа прифаќа на Северџганијава да ѝ биде „стратешки партнер“, наместо преку ноќ да ја окупира и анектира!

37. Народот и државата во колапс, а власта никако да колабира.

38. Со давањето македонско државјанство на коњојавачки тајкун, мафијаш и докажан руски разузнавач, власта на ДУИ и СДСМ потврди дека е русофилска!

39. Од мудри најмногу се плашат итри, недоветни и будали на власт.

40. Сонувам сонувана стварност.

41. Смртта сè почесто го поразува паметењето.

42. Сум надминал многу и секакви премрежја кои како `рѓа ми го нагризувале здравјето.

43. Врвна вредност:
Единствено и неспоредливо дело.

44. Лесна е староста со поткрепа, внимание и признание за создадено дело.

45. Не прашувај дали паметам. Не можам да те заборавам.

46. Може моето грандиозно мислечко и книжевно творештво да почне континуирано да се објавува во странство, а дома не? Дома не!

47. Само корумпирани поддржуваат корумпирани во борба против корумпирани! Никој друг!

48. Остај работа. Терај квазиполитика.

49. Не може никако да се соработува со сосед кој те мрази зашто постоиш.

50. Послаб поразува појак со мудрост и знаење.

51. Недовербата ги расте сомневањето и беспомошноста.

52. Има  уште и време и сила и волја за надградба на мојот свет. Без оглед на годините.

53. Жалам што не познавам, ниту некогаш сум сретнал неколкумина творци чии дела многу ги почитувам.

54. Ако сè што сум направил и создал во животот го множите со нула, што ми преостанува?!

55. Знаат сè, ама се прават наудрени. Бидејќи се директни и индиректни соучесници.

56. Апсурд:
Демократија во држава на мафија!

57. Не бидува време во невреме без мудрост, ука и опит.

58. Не ја разбирам суетата, особено на творците. Им користи ли за нешто или против некој?

59. Не се споредувам со никого ни во творештвото-книжевноста ни во радио новинарството. Само потенцирам непорекливо: обете мои се грандиозни и единствени на светот според разновидноста.

60. Се разбира, болат неправдите, од најмала до најголема, Но, ги издржав и ги издржувам исправено, стамено, со одбрането лично достоинство.