25. Гајле–Грижа
Многу гајлиња ни го товарат умот, ни легнуваат на душа. Ќе се издржи ли живот во сиромаштија и скапотија? Ќе се кренеме ли со достоинството пред светот? Ќе прифати ли тој да живееме на рамна нога со него? Дали друг ни ја крои капата, како толкупати досега, или сè зависи од нашата мудрост и способност, од она што имаме да му понудиме на светот?
Зошто грижа за сè и сешто? Затоа што ни можат сè, од разболување до смрт. Сè додека не сме подготвени да им се спротивставиме, да ги нападнеме, да ги исфрлиме што подалеку од нас. И тоа најнапред нашите грижи, а потоа туѓите.
А кој има проблем повеќе со туѓите одошто со сопствените грижи? Оној што помагајќи одмага, па за сопствените не се ни осмелува да бара помагање од други.