fbpx Прескокни до главната содржина

Глумец

Тивки клокоти

Никој не го знае правото лице на глумецот кого секоја вечер, освен работните и неделните може да се гледа на сцената на Народниот театар. Никој не го знае зашто никому не му го покажал. Го крие деноноќно, меѓу две претстави? Зошто би го криел?!

Некои тврдат дека тој сам се смета себеси глумец од раѓање, а тоа меѓу другото значи оти нема право лице. Со други зборови, сите негови лица во претставите што ги игра му се прави. Тие што го тврдат тоа токму затоа го сметаат за голем глумец.

Секој подобар познавач на глумата мисли дека го заборавил, можеби го изгубил своето право лице играјќи на сцената на Народниот театар секоја вечер, освен саботните и неделните.

А никој, па ни самиот глумец не знае дека лицето на дворскиот шут, кого веќе неколку години го игра во претставата “Изроднички шути и рогати”, е неговото право лице.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 128

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.