136. Оган што тлее
Сѐ уште тлее огнот
во очи што догледале сѐ.
137. Неизбришлива трага
Трага во срце на гола стена
од самосвесен творец и деец.
138. Жалба
Ах, што не можам веќе да стојам
со тебе исправен пред нов ден.
139. Прелетување
Прелетувам мигум
од трепет до спокој.
140. Родна грутка
Неразделна од мене во немост
пред прв и последен збор.