fbpx Прескокни до главната содржина

Чувствување-Човекољубие-Простување

Тивки клокоти

Што чувствуваш? Чувствувам. Како секој друг.

Да, човек што е човек не може да не чувствува. Нешто, што било, различно во секакви ситуации; премрежја,  расположби и нерасположби. За едни едни поважни од други, за други само други. За сите едно, сплотувачко и жизнено: љубов.

Какво-годе чувствување на човек и на човек спрема човек не оди без човештина, најпрвин без човекољубие. Просто, без човекољубие не си човек. Љуби го човекот и никогаш нема да се престориш во нечовек или да се покажеш нечовек. Не е работата само во спомагањето, на некој секогаш да си му при рака. Работата е секогаш да работиш и создаваш повеќе за друг, одошто за себеси. 

Секогаш без брзање и внимателно со простувањето, сеедно кога простуваш или кога ти се простува. Мери го, одмерувај го, разбери го, па прифати го или отфрли го она што е за простување.

Секое простување е само по себе човечко и големо, ама секое не е непоследично. Ако простуваш сè, може лесно и брзо да се простат од тебе. Значи да те фрлат и остават во заборав. Простувањето и заборавањето на простеното е доблест на големи, а не на дребни луѓе.

Прочитај и за ... >>  ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 18

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 145

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.