Потребно време за читање: < 1 минута

16. По наши деца

Деца наши
замислени пеперуги
во лет околу нас.
Ние зраци сончеви
чекаме да полетаат
кон негде далеку
од нас
за пред кого било
да ја бранат слободата
на играта како живот.

17. Човек во човек

Тој отсекогаш бил гласен
во него,
и согласен и противставен
при менување на човекот
на светот
менувајќи го светот
на човекот.
Отсекогаш бил и сега е,
ама одвреме-навреме,
всушност сè почесто не е
во човек,
а без него не е ни од него.

18. Триптих

По едно две, па три
како едно
што никој не може
да го раздели на три
за секое пак да биде
едно.
Дело на дух во тело.