Потребно време за читање: < 1 минута

43. Даден збор

Ти дадов збор
да го живееш
и да паметиш
дека е од мене
за во невреме.

44. Не одиш

Откога не одиш во место стоиш
додека сè минува крај тебе
од тебе незабележано
и од други со тебе премолчено,
зашто ни напред ни назад нема
никој да те памети.

45. Дивина

Дивинава не е пуста, а е
сосе живот самотен и гол,
сосе смрт во тишина и јад
скаменети од последен здив
на крв огнена до небо.