Потребно време за читање: < 1 минута

52. Каков било живот

Тој е како никој
да не бил со него
негде меѓу две срца,
од земја до небо
сончеви, а самобитни.

53. Жив човек

Снове жив човек
од еден почеток
до друг крај
на свет минлив
и менлив за луѓе
без свои корени.

54. Страд

Нема глад ни молк, нема,
на гол камен, во пуста земја
студ, сушина, пустота, нема,
а има само страд пред
голеење во неврат,
во бескрвна игра судбинска.