fbpx Прескокни до главната содржина

Ева и Бог

Виц-блиц

Еден ден во Рајската градина Ева го довикува Бога:

-Боже, имам проблем!

-Во што е проблемот, Ева?- ѝ се јавува Бог.

-Боже, знам дека Ти ме создаде и ми ги даде оваа прекрасна градина, овие прекрасни животни и оваа страшно смешна змија, но едноставно не сум среќна.

-Зошто, Ева?-доаѓа прашање одозгора.

-Боже, осамена сум.

-Ева, имам решение за тоа. Ќе создадам маж за тебе!

-Што е тоа маж, Боже?

-Овој човек ќе биде погрешно суштество, со многу лоши карактеристики. Тој ќе лаже, ќе мами и ќе биде горделив…Сѐ на сѐ, ќе ти го отежнува животот, но ќе биде поголем, побрз и ќе сака да гони и убива. Тој ќе изгледа многу глупаво, но ќе го направам така што ќе ги задоволи твоите физички потреби. Нема да биде премногу паметен, па ќе му бидат потребни твоите совети.

-Звучи одлично,- вели Ева со ироничен поглед.

-Можеш да го имаш под еден услов,-вели Бог.

Прочитај и за ... >>  Милијардер и курва

-Кој?

-Како што реков, ќе биде горделив и самоуверен, па треба да му допуштиш да верува дека тој е создаден прв. Но да запомниш, тоа е наша тајна.

И Бог го создаде мажот. Ева не ја оддаде тајната кога змијата ја наговори да изеде од забранетото овошје и да му даде да изеде и Адам. Па ни кога Бог ги протера од Рајската градина.

 

 

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.