ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 458-511

Потребно време за читање: 3 минути

458. Стана најголем срам да си член или симпатизер на клинички мртвата антимакедонска партија СДС.

459. Северџганија-окупирана од Северномакедонци. Протекторат на „стратешкиот партнер“ САД, во кој владее апартхејд.

460. ЕУ пука по сите шевови, а во неа Северџганија сака да влезе по секоја цена!?

461. Знаме на Голема Албанија среде Скопје! Ало, Г-ѓо Агелер, што велите за овој „настан“? Дел е од „долгорочниот проект“?

462. Тие против нас, а ние секој за себе.

463. Од стратешки партнер партнерски бандитизам.

464. Ни прикриено и сокриено. До коска соголено.

465. Влада на северџгански властодршци, предавници и мафијаши-злосторничко неказниво здружение!

466. Мене ми се чини дека скоро ќе се распали оган во предавничко-мафијашкава ненародна Северџганија.

467. Ненадминлив простаклак:
Наместо да се има барем елементарна почит спрема мојот немерлив секојдневен творечки ангажман, како и спрема моето грандиозно книжевно, мислечко и радиофонско творештво создавано повеќе од пет децении, тоа се омаловажува, маргинализира, премолчува.
А што друго во Северџганија на Северномакедонци!?

468. Ароганцијата е одбрана на инфериорен.

469. Домашни и странски стратешки подлеци го ништат македонскиот народ откако ја збришаа неговата држава Македонија.

470. Граѓани северномакедонски,
Што стана со граѓанската непослушност?! Која е спонтана и индивидуална, а по време масовна-движење.

471. Луѓе, уште ли ќе ги трпиме ѓубрињава велепредавнички? Смрдеата што ја шират од нивните партиски дувла е задушувачка!

472. ВМРО ДПМНЕ веднаш да го повика македонскиот народ на бојкот на насилната промена на личните документи, што почна интензивно да ја спроведува антимакедонската и велепредавничка северномакедонска Влада, на чело со Оливер Спасовски!
Која нема врска со Преспанскиот договор!

473. Џганов на власт ја избриша Македонија, а сега брза македонскиот народ да го „замени-легитимира“ со Северномакедонска нација!

474. Албански Македонци,
Или конечно расчистете со вашиот национал-шовинизам или џенем да се сторите. ДОСТА Е БРЕ!

475. Пратеници од ВМРО ДПМНЕ и другите од опозицијата,
Ќе продолжите во Собранието заедно со позиционерските овци и говеда?

476. Во мафијашка држава на власт неписмени и полуписмени полит-олигарси.

477. Ако е поразот неминовен, тогаш за сите е најдобро тој да се случи веднаш.

478. Итри и будали против умни и разумни со сила, закани, уцени и насилна смрт.

479. Нема мали земји и мали народи. Има слободни и независни, и окупирани, вазални и експлоатирани.

480. Последен пораз на слободоумен човек-физичка смрт.

481. Сум, ама не сум влијателна мислечка и творечка личност. Па што?!

482. Штом не го вадиш од уста, значи или му се плашиш или не можеш без него.

483. Ништо што се мора не е лесно.

484. СДС-овци,
Уште не ве изеде жив срам од вашиов „лидер“?! Или не зашто како партија сте веќе во клиничка смрт?

485. Може да не ти треба ништо и да си доволен на самиот себе? Јас мислам дека не може, но ти пробај.

486. Сè е мислено, ама јас мислам.

487. За политикантскиот дибек лагата е политика.

488. Чисти пред тебе. Не да чистат зад тебе.

489. Родољубието е бесценето.

490. Личниот интерес пред заедничкиот на политикантски џган на власт.

491. Живееш без мене зашто не ни помислуваш на нас.

492. Говеда непрокопсани впрегнати во јарем.

493. И поразени на власт за крадење и предавства.

494. Врела шлаканица на образ ѓон.

495. Бескрупулозно лажење на натурена власт која краде безогледно. Зашто друго не знае, ниту умее.

496. Треба да бидеш доблесен за да исчезнеш од политичката сцена зашто не те бидува за политика.

497. Те молчам и те таам во мене.

498. Северџгански властодержец: изрод, недоветен, мафијаш, лигуш и платенички слуга на „стратешки партнер“.

499. До голема цел стасување на многу мали пред неа.

500. Творечката енергија меѓу стварен и заумен свет, едновремено во реалност и имагинација.

501. Премногу време за залудности.

502. Самосвесен човек со знајни предци и потомци.

503. Незаборав со почит спрема дело за во свое и друго време.

504. Неугаслива е љубовта што била.

505. Бесрамие на човек на власт за жив срам.

506. Те најдоа тебе, глупаво човече, да го довршиш разнебитувањето на Македонија и македонскиот народ!

507. Личното достоинство се брани со почитување на достоинството на секој.

508. Ќе биде зашто мора да биде, само е прашање кога.

509. На тапоумен на власт треба да му се забрани да отвора уста. Зашто е.

510. Најважно во животот е да си самосвесен, самобитен и слободоумен.

511. На свој пат до своја цел.