Потребно време за читање: 2 минути

207. Во оваа земја има големи луѓе и гении. Еден со грандиозно творештво, единствено на светот! А непризнаен, а заборавен, а незнаен!

208. Како се станува академик?! Јас не сум академик, но знам како да не знам. А и не ме интересира, зашто веројатно нема да станам дури сум жив.

209. Да престанам да мислам?! Може само некој миг за нешто.

210. Кога почнуваш да старееш забрзано, годините стануваат сè потешки и поневажни.

211. Не се споделува ништо туѓо со злонамерна цел. Со таква цел се краде.

212. Наскоро ќе ме нема, па ќе ме нема.

213. Не забораваш што било сè додека е.

214. Доволно му е на човек она што е доволно за човек.

215. Ти не ме знаеш, а јас не те ни познавам.

216. Во друштво на велики малите се ништожни.

217. Незамисливо!
Меѓу академици лажни творци, квазинаучници, политиканти, манипуланти, трабанти и велепредавници!

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА XVIII

218. За чесни и доблесни моето величие е согледливо и за уважување.

219. И по многу години злостен спрема моето дело!

220. Сè чисто, а испогането!

221. Залудноста и малодушноста се погубни за секој достоинствен човек, а посебно за творецот.

222. Нефункционална држава е држава на мафија-протекторат на „стратешки партнер“.

223. За да читаш треба да знаеш да читаш.

224. Од гневен народ најмногу се плашат апашишта на власт. Зашто знаат што ќе им се случи ако он се крене на нозе.

225. Во систем не се владее, туку се твори и се работи.

226. Паталец не слуша гаталец.

227. Ако си подготвен, не може да ти се случи ништо случајно.

228. Најдлабока безмерна љубов. А невозвратена.

229. Совршено не ме интересира што имате вие против мене.

230. Лажат, крадат и безмерно се богатат, а ти задоволен оти си им измеќар.

231. Го судиш моето дело, а ниту си го открил, ниту си го разбрал.

Прочитај и за ... >>  АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА XIII

232. Раздадов и подарив што имав пред да исчезнам. Само не моето постоење.

233. Ќе ме слушаш и откако ќе замолчам за сите времиња. Тоа е неизбежно, тоа е несомнено.

234. Нема друго освен војна, жртва и саможртва во последна одбрана на постоење на своја исконска земеја.

235. Безнадежна љубов? Да за тебе, не за мене до последното биење на моето срце и последниот мој издив.