Потребно време за читање: 3 минути

341. Г-не критичар,
Вашето критичко мислење за моето дело воопшто не ме интересира.
Ви посакувам секое добро.

342. Комуњарската партија на власт на смртна постела, во последен претсмртен час.

343. „Странскиот фактор“ во Северџганијава мора итно да преземе нешто. Мафијашиве на власт ептен го изиграа „стратешкото партнерство“.

344. СДС-овци во заветрина, комуњарски мрсулковци во првите властодржачки мафијашко-политикантски редови.

345. Партија без идеологија е клиентелистичко акционерско друштво. Кохерентноста и доследноста во неа се демократски суштини.

346. Уште една, круцијална идиотска СДС-овско-ДУИ-џиска делба на народот на проевропеисти и македонисти. Едни про, други анти?! Кои се кои?

347. Зачудува недоветноста и незнаењето за идентитетите! Дека не се негираат и уништуваат индивидуалните на Македонецот (тоа е просто невозможно), туку идентитетите (не само националниот) на македонскиот народ!

348. Обвинувам!
„Стратешкиот партнер“ САД им даде власт во Македонија на квислинзи, идиоти и апашишта за да ја оствари својата стратешка цел: уништување на државата и македонскиот народ во неа.

349. Б’лгари, признајте си дека сте Македонци, припадници на бугаризирани „делови од народи“ или Турко-Монголи. Ќе ви биде многу полесно.

350. Некои и драматични нешта се подготвуваат за преку ноќ?!

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 964-1.000

351. До срж искрено!
Ништо не ми значи дека создадов и создавам грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено на светот! Како што не ми значи ништо дека тоа во овој медиокритетски свет не значи ништо.

352. Владата северџганска, велепредавничка и апашка уште не поднела оставка?!

353. Не беше, ниту е тешко да се предвиди:
И Алабнците во Македонија (ќе) имаат „проблеми“ со Бугарите.

354. На крајот на краиштата нема да биде прашање кој ќе го извлече подебелиот крај, туку кој најдебелиот.

355. Нечисто и неморално:
Велепредавник-академик!

356. Просто ме мачи прашањево:
Има ли макар еден Албанец во Бугарија (или бугарски Албанец)?
Ако нема ниеден, како е тоа можно!?

357. Да ми одговори францускиот претседател Макрон:
Ако е гордост да си Французин во Франција и светот, зошто да не е Македонец во Македонија и светот?!

358. Дел од наци-фашистичкото лудило:
При делба на Македонија (скраја да е), Албанија и Бугарија ќе водат „огнена битка“ за Охрид.

359. Всушност, третата светска хибридна војна ја водат нации (неоколонијалистичка измислица) против народи.

360. Во држава пред тотален колапс прва и последна е недовербата во банките.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 236-293

361. Неговите дела немаат цена зашто не се стока за на пазар.

362. Во партија на умирање едни со ограничен, други со заробен ум. Ниеден слободоумен.

363. Човек без самосвест е слуга понизен.

364. Да, ме нема нигде. Тоа е проблем?!

365. Не си дораснат за дело што не го вреднуваш, а го омаловажуваш, маргинализираш или премолчуваш.

366. Многу ми значи еден што ме цени и почитува.

367. Голем личен пораз е да си со овие или со оние за да бидеш.

368. Не разбирам зошто сакаш да си со мене, а не ме бараш.

369. Голема мислечка и творечка личност живурка сам незнајно каде.

370. Нов план за нов почеток. Со обврски, не со ветувања.

371. Веќе е несомнено дека ќе се разбудиме како по грд и кошмарен сон. Или во таква стварност.

372. Обично најлошото трае најдолго.

373. Докажуваш дека не те бидува и едновремено се лажеш себеси дека ќе те биде.

374. И тебе ќе ти дојде крајот. Како што им дојде на сите пред тебе такви како тебе, безлични и недоветни.

375. Смешен си како кловн, властољубецу со болни амбиции.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 1-29

376. Не можев да те имам зашто те имаа други.

377. Глупав си како мисир, човече мало.

378. Не се храбри одлуките против волјата на народот, туку се предавства и велепредавства.

379. Не може да се запре паѓање во бездна.

380. Искрено, за творец со создадено грандиозно творештво болен е товарот на бедното живуркање.

381. Вредни дела од творец во безначаен и минлив свет.

382. Стамен и доблесен човек презира политиканти, лигуши и измеќари. Не дозволува ни да му се доближат.

383. Нечуено и невидено злосторство на ненародна власт врз народ.

384. За грев си кога лажеш од што не знаеш.

385. Властодршци без ум владеат безумно.

386. Не може општество на граѓани без држава на народ и малцинства.

387. Не сум за секое друштво, како што секое друштво не е за мене. Затоа избирам.

388. Те нема зашто ме немаш.

389. Цел живот освојувам свои врвови.

390. Јас сум можеби единствен творец на светот чии дела му се пред очи на секој во секое време.

391. Просто е несфатлива толку големата омраза на властодршци спрема народ со кој владеат.