Потребно време за читање: 3 минути

236. Дефинитивно, Он веќе не е овде и сега, ниту со нас и меѓу нас! Ни остави за уште некое време мисли и дела. Така Он одлучи!

237. Да остане забележано:
Да не ми снеможеа снага годиниве и да бев овде и сега, јас ќе формирав МКА-МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНА АКАДЕМИЈА.

238. Повторен став (поради понуди и барања):
Додека сум жив, а и по смртта во Македонија нема ниедно мое дело да биде објавено во печатен формат.

239. За жал, моето непризнаено творештво македонската книжевност засега не го заслужува, а може и засекогаш.

240. Без никакво претерување!
Наци-фашизмот на ЕУ и САД жестоко навалил да ги уништи исконскиот македонски народ и неговата држава! Сестрано помогнат од квислиншка и мафијашка власт!

241. Најголем непријател на Македонија, чија цел е уништување на македонскиот народ во негова исконска земја, а стратешки партнер!

242. Аздисаниот нема ништо и кога има сè што не му треба.

243. Туркам напред невидливо и нечујно.

244. Најголем уплав безличните имаат од личен.

245. Тркалото не се врти само. Треба сила што ќе го заврти и ќе му го продолжува вртењето.

246. Безгрижниот се грижи само за себе.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 616-675

247. Некогашна љубов.
-Ме паметиш?
-Којзнае дали би те препознал.

248. Срце во самотија, душа во празнотија.

249. Заборавот нема дно.

250. Сè почесто ми идеш на сон затоа што те мислам.

251. Конечно си поразен кога немаш ни мотив ни волја ни цел.

252. А бе, кај ти е стапот?! Уште не го земаш в раце?

253. Не ти треба политика за да бидеш бизнисмен во мафијашка власт.

254. Моето дело тебе не ти е и не треба да ти биде никаков проблем. Досега не било, не е. Ниту ќе биде.

255. -Јас не ти верувам.
-Добро.

256. Во гнилиот и див Запад, особено во земји на ЕУ и САД, се повампири наци-фашизмот! Допрва ужас без крај?!

257. Кловновско е лицемерието на глупав а силен спрема мудар а слаб.

258. Огнот на војната не се разгорува за брзо да се изгасне.

259. Најмалку дупло се враќа мило за драго.

260. Во длабок молк тагувам по тебе.

261. Клучно, судбинско прашање:
Зошто се потребни политички партии во здрава држава и здраво општество?

262. Се однесуваат како да е сè во ред, а сегде прават неред.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 165-206

263. Дури и непредвидливо, а всушност детално смислено и испланирано.

264. Секој интерес е лесно согледлив, а со долгорочни, неретко ненадминливи последици.

265. Ќе се случи што наумиле и за што платиле многу, може премногу.

266. Многу црнила, ни зрак виделина.

267. Веќе нема никакво сомнение дека брзаат зашто се многу близу до крајот.

268. Сè може поинаку за подобро. За полошо може да не може.

269. Го минуваме животот во ред, како да минува низ нас во неред.

270. Си докажуваш на себеси или се откажуваш.

271. Не може сè предвидливо. Многу нешта ненадејно. Кога би биле најмногу за радост и задоволство.

272. Кому му припаѓа моето дело? На секој што го почитува, го сака и му значи.

273. Нашето време ќе заврши откако обајцата ќе отидеме во неврат.

274. Не прави ништо кога според тебе веќе нема што да се прави.

275. Обиди се да си одговориш кој го заслужува моето грандиозно мислечко, книжевно и радиофонско творештво.

276. Треба да си дораснат за водење политика.

277. Како секој жив, и јас сум мртов или скоро ќе умрам во заборав.

278. Болката на човек од човек е најголема, е најдлабока, е најтешко снослива.

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 76-100

279. Злосторство е секое замислено и детално обмислено дело на нечија штета.

280. Те заиграа, им играш, ќе те изиграат и најпосле не ќе знаеш ни кој си ни што си.

281. Од љубов се пати непатено.

282. Некогаш не успевам, но секогаш се трудам да не се наметнувам и да не досадувам.

283. Од мене не за друго, но може да биде.

284. На минување оставам и заминувам.

285. Јас во зборови, меѓу зборови и со зборови.

286. Силата на човекот е во неговото постоење како човек.

287. Кога јас не знам ништо за тебе сега, нема зошто ти да знаеш нешто за мене отсега.

288. Народот не може ни да те смисли, те смета за свој најголем непријател, а ти владееш со него!

289. Нездрав дух во здраво тело на нечовек.

290. Уништен е народ со исушени корени, пеплосано минато, ограбена култура и творештво во заборав.

291. Не е живот човечен без неизбришлива човечка трага во него.

292. Одбрана на постоење со паметење на минатото и неизбришливи траги во сегашноста.

293. Жива љубов меѓу спомен и заборав.