776. Почна реализацијата на сценариото за владеење на ДУИ-џиско-СДСМ-овската предавничко-мафијашка власт и по изборите во мај 2024!
777. Партија не може да предводи народ! Може предводничко движење формирано од самосвесни, мислечки и творечки личности.
778. Жалам, но не е можна никаква комуникација со мене лично. Само со моите мислечки и книжевни дела што се објавуваат на Интернетов.
779. За мене е судбински важно тоа дека постојам исто како да не постојам.
780. Како непризнаено и премолчено, моето грандиозно мислечко и книжевно творештво, единствено на светот, е само за во ветер и магла.
781. Тажно е и поразително кога од тебе не зависи никаква промена.
782. Стоиш пред силно ветриште на свои нозе, стамен и доблесен.
783. Од сенката ти се плашат, ама од сенка и ти.
784. Ништожна слугинска, платеничка и мафијашка власт.
785. Твоја, а неверна?!
786. Со убавини против грдотии од раѓање до смрт.
787. Сè во свое или во ниедно време.
788. Провидно!
ДУИ и СДСМ поттикнуваат меѓуетничка и верска омраза во Македонија!
(Сценарио подготвено заедно со стратешкиот партнер-сѐ до закрвување и воведување вонредна состојба, значи и одлагање на претседателските и парламентарните избори!?)
А што да се очекува друго од марионетска и мафијашка власт?
789. Не се надевај виделина да порази мрачнина. Помогни ѝ со ум и сила.
790. Нов почеток сал во свое време.
791. Творечкиот дух е нескротлив.
792. Безнадежна состојба на мудар, опитен, но снеможен старец.
793. Итроштината во политиката е маша на политикантот.
794. Вистината е проста, но за да се открие често е се проширува.
795. Само лично задоволство од создадено.
796. Љубовта иде сама додека се бара.
797. Најдлабоките брчки на старечко лице се од грижи и премрежиња.
798. Нема политика кога интересот е пред сè.
799. Мојот свет препознатлив меѓу светови.
800. Болна далечина на љубов. Дека е непрегледна.
801. Само си се прашувам со чудење:
Следните претседателски и парламентарни избори во Северџганијава ќе бидат фер и демократски?!
802. Многу од мене за ништо по мене.
803. На човек не му треба ништо пред самоти умирачка.
804. Идиоти, платеници и предавници не избира народ за власт. Му избира стратешки партнер.
805. Заеднички именител на етничка и верска омраза е геноцид.
806. Луѓе со бистар ум лесно се справуваат со луѓе со помрачен. Доколку не владеат мрачни сили.
807. Застрашен народ-аздисана и безумна власт.
808. Западот е гнил зашто сонцето зајдува на запад.
809. Обессилен човек се радува оти живурка, а не помислува дека е на чекор од преживување.
810. ОБВИНУВАМ!
Ја обвинувам платеничката, корумпираната и мафијашката власт на ДУИ и СДСМ дека од Македонија направија небезбедна држава и опасно општество по животот на сите-од најмладо до најстаро.
811. Прашувам:
Што направија и што прават политичарите и политичките партии за здрав, човечен, чесен, културен, вредносен живот?
812. Во држава на мафија и животот и смртта немаат ни смисла ни значење.
813. Очај и јад на народ во крпеж и трпеж.
814. Ако нема плаќачи, нема платеници. Ако нема господари, нема слуги. Ако нема кројачи, нема шијачи.
815. Љубов и човештина прават човек.
816. Само мизерија од мизерни политичари и политиканти.
817. Ви велам и си велам за послушување:
Што подалеку од властодршци и властољупци.
818. Јас сум за сè одново, почнувајќи од деполитизација и департизација на животот.
819. Не може мафија на власт без стратешки партнер.
820. Пеколно сценарио за пеколна режија на пеколна денешнина и утрешнина.
821. Мафијаши и корумпирани политиканти во наречиполитички партии.
822. Не се враќа изгубена доверба, туку макотрпно се гради и создава за да се стекне нова.
823. Си кажувам и си докажувам. Може само на себеси.
824. Те носи матната оти толку долго ја матеше, што веќе не знаеш ни како ни со што да ја бистриш.
825. Во себе ме молчиш за да ме заборавиш.
826. Што ли се крие и се премолчува зад кулисите? Ќе се дознае ли до крајот на претставата?