Потребно време за читање: 2 минути

76. Ако не гледаш кон каде одиш, нема скоро да прогледаш.

77. А бре какви гаранции за однесување на сосед со асимилаторско-окупаторски аспирации?! Само услови, од кои прв: реципроцитет!

78. Верувам, но не им верувам!

79. Моја творечка цел не е да создадам дело или дела, туку да создавам.

80. Политикантиве на власт и во опозиција, чест на исклучоците, секако се свесни дека извршија и вршат изродничко велепредавство.

81. Многу за други, ништо за себе.

82. Немам свесност за мојата нескротлива творечка енергија. Освен дека не можам да ја скротам.

83. Зошто кога за мене ништо? А зошто нешто?!

84. До кога? Требаше до вчера, ама дека и денес-којзнае до кога.

85. Кога не оди напред, а нема назад, никако стоење во место.

86. Ако не ти требам, за тебе не постојам.

87. Има излез од темничиштево, ама не со овие и оние. Тие немаат.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

88. Да, веќе немаме верба. Но, што е со нашата самодоверба?

89. Македонскиот народ во Македонија најмногу страдал, страда и допрва ќе страда од политикантски изроди на власт.

90. Цело е што е со сите четири страни.

91. Македонската книжевно-мислечка и културно-научна јавност не знае што се случува со мене. Ни дали сум жив или сум веќе мртов! Се однесува тотално незаинтересирано и игнорантски спрема моето грандиозно мислечко-книжевно, научно и радиофонско творештво, единствено на светот!
Целокупното мое творештво сѐ уште се објавува на Интернет.

92. Национално обединување и заедничка власт со антимакедонски, велепредавнички и мафијашки партии?! Налудничаво!

93. Политичките и политикантските игри секогаш се играат взаемно.

94. Нема политика со притисок, како што нема човечки слободи со мафија на власт.

95. Не треба многу мудрост и знаење за да се надвладее глупоста. Ниту кога владее.

96. Итрите се снаоѓаат, наивните им веруваат и ги следат.

97. Зошто со оној што не ми треба, а му требам?

Прочитај и за ... >>  СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Немошен, поетска студија за беспаќата во човекот

98. Во мојот круг само јас!

99. Една љубов до смрт и по неа. Препознаена во свое време.

100. Во власта кој од кој поголем туѓински слуга, криминалец, мафијаш и политикант. Чест на ретки исклучоци.