47. Чувствување на свет
Го чувствува светот
нејзин како негов,
без време, далек,
а никогаш во него
не влегол за да биде
барем еден миг со неа.
Светот нејзин е на земја
под свој небосклон,
затворен
за какво било минато
нивно, сплотено.
Во светот негов
без време и далек
таа никогаш не влегла
како сегашност,
со допири и нежност.
По многу години замолк,
без ниту збор, ниту знак,
тој сонува свет во кој
нема трага
на заеднички чекор
кон први зраци сончеви,
додека е таа
во залезна песна жаловна.