12. Џабе за џабе
Здраво-живо народецу мој,
Џабе за џабе ми дојде баш пред малу, кога на разминуање едно младо високо и кршно момче ми подвикна ептен сериозно: „Ти се чудам бе дедо Громче, заошто уште и до кога ќе пишеш и збориш џабе за џабе“. Не знаев како да му возвратам, да му докажам или одречам оти просто ме збуни и ме стави на ум. Сакам да ви признам дека толку се уморив од умуање и доумуање шо еве веќе цел саат седам на клупа и ич не ми се стануа. Мислам дека не би можел да станам и коа би ми се стануало.
Ја стварно џабе за џабе пишам и зборам?! Дека е џабе, тоа знам и од дамна ми е. Отко сум пензионер скршена пара неам земено за пишуање и зборење. Да не ми е пензиичкава, ќе се прашав дали и денес ко вчера ќе преживуав ко шо преживуам. Се жалам? Не бре, лујѓе мои, какво жалење. Па ко секој ко ја, и ја знам дека би ми било џабе. Само се констатирам дека досега никому не му текнало на пример да ми побара да пишам и зборам макар за скршена пара. Напротив, многупати ми рекле. „Пиши си и збори си ти, дедо Громче, коа немаш друга работа“. Тоа ми е многу глупо! Значи, сите шо си пишат и зборат немаат друга работа?! Ама нејсе.
Туку, да си пишам и зборам, кому како му иде, што излезе од моето умуање и доумуање по кажаното од младото високо и кршно момче:
Најпрвин кому и за шо му пишам и зборам џабе. Да ти кажам прао, народецу мој, ја знам дека џабе му пишам и зборам на секој шо мора да знај шо и како мислам за ова, за она; директно, во центар шо се вели али индиректно, одоколу, да се сети отпосле. Особено шо му мислам на секој шо не знај да прај, па прај колку да расипи напраено. Заошто? Па за прво и прво оту ме вади од такато. А коа ја ќе се извадам од такато, тешко на тој шо ме извајл. Само уште шо не сум му опцул мајка и шајка. Кој бе му дозволил на таквио да прај коа не знај да прај?! Е прво него би го стајл на испитуање секакво, а најпрвин на психо-физичко. Да, му пишам и зборам џабе надеајќи се, всушност знаејќи дека ја ќе ме читне, ја ќе ме слушне, али некој од негојте ќе му пренеси и ќе реагира како било ко погоден. На пример, најчесто и најпојќе му пишуам и му зборам на таквио од оние шо се на влас. Најнајпојќе на некој на врво на власта. Па често си велам: да е таквио малу умен, прибидејќи џабе му пишам и зборам, би ги испобркал сине оние советници околу него шо за дебели пари го советуаат да биди дури поглуп одошто е коа го чита она што му го пишале или ко совети му го збореле. Не за да ме земи мене ко таков и сал мене да ме плаќа, то не доаѓа во обѕир, ами за ко таков на влас помалу да го чини народот; ако веќе не можи ич да не го плаќа.
Лујѓе мои, мора да ви признам, за да ми биди полесно, дека многу појќе ми го изнамачи умуањето сосе доумуањето вторио дел од ептен сериозното подвикнуање на младото високо и кршно момче: моето пишуаење и зборење за џабе. Особено на крајо, при комплетирање на џабе за џабе.
Се разбира дека некоаш знам, а некоаш не знам дека пишам и зборам за џабе. Сакам да речам дека не го глеам, а и не го чувствуам ефекто од тоа. Исто ко да пишам и зборам во ветер и магла. То ми паѓа некоаш малце, а поначесто прилично тешко, ама шо да се прај. Пробуам да не остани на то, со повторуање и докажуање, ама коа глеам дека е за џабе дигам раце и престануам да пишам и зборам за џабе. Тогај црво во мене не ме остаа на мира. Ко да слушам од него едно те исто: „Ти пиши си и збори си за џабе, дедо Громче, оту за тебе не е за џабе“. Еднаш ми има кажано шо мисли коа така ми кажуа и му го имам запаметено за дури сум жив: „Ќе умриш брзо од јадој и маки ако то шо го мислиш, особено то шо најпојќе те секира не го извајш од тебе со пишуање и зборење. Па после мене ќе ме кривиш ко црв“.
Лујѓе мои, ја не мислам ами знам, сигурен сум, гарантирам дека ако не пишам и не зборам за џабе, ко дедо Громче, досега одамна ќе бев умрен! Значи, со други зборој, благодарение на мојво пишуање и зборење џабе за џабе ја сум уште жив и ќе бидам до часо коа ќе умрам. Ете го комплетирањето!
Туку, да си го пишам во една проста реченица и да си го зборнам во два три-збора сегашново мое џабе за џабе:
Мене никој со ништо не можи и не ќе можи да ме замолчи дури сум жив и дури не умрам!
Ја ко ќе кажам кажано је!