Најнакрај

Најнакрај секогаш по многу краишта, како последен крај Ист е како секој, но единствен без нов почеток. Може и како конечен крај, очекуван или ненадеен, како цел живот или последна смрт.

Најнакрај секнува извор на последна надеж во стара гола планина; дека ќе преживее корен во долга огнена суша по голем студ, па по молњи од судири на силни спротивни ветришта и модри облаци во војна. Секнува зашто најнакрај потонува во земја толку длабоко, што да не може со своја сила и енергија да се извиши, да не може да излезе на виделина. Секнува со последен здив, глас и крик.

Најнакрај заминува последна година во смирение на човек кој неброени години минувал од една во друга пустелија, никаде не наоѓајќи спокојна сенка за почин. Во која ќе ги одмори телото, духот, мислата и непокорот-суштествени за неговата човечка природа.

=== Бесплатно рекламирање ===
Licevlice.mk

Најнакрај во длабока тишина потонува една ненадмината самост.

ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 52

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.