fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 20

За слободно промислување

20. Мое обраќање-реакција

Не постои македонска нација зашто постои исконски македонски народ!

Точно, Татарке Јотова, потпретседателке на Бугарија, македонската нација е вештачка творба, та следствено-таа не постои! (И актуелниот обид со Преспанскиот договор и напорот на квислиншката власт во Македонија да создаде северномакедонска нација, бришејќи го македонскиот народ, е однапред осуден на пропаст!) Ама сум сигурен дека не знаете зошто. Ќе се обидам да Ви помогнам да поднаучите.

Нацијата е вештачка неоколонијалистичка творба измислена во 19. век од големите колонијалистички сили. Кои како такви неминовно забрзано пропаѓаат. Нацијата е и директна и индиректна негација на народот, а со крајна цел токму тој да се разнебити, да се држи под окупација сѐ додека не се асимилира.

Меѓутоа, денес се покажува и докажува дека тоа просто не е можно. Првата светска хибридна војна штотуку започна токму меѓу народ и нација-Русија и Украина, меѓу рускиот народ и вештачката украинска нација. Сигурно ќе трае многу долго бидејќи допрва следи будење на народите во „рамките“ на вештачките творби-нациите, како и едновремено неминовно прекројување на сегашните државни територии на држави на народи и малцинства во нив.

Прочитај и за ... >>  Траги во земја

Татарке Јотова, точно е дека не македонска, туку северномакедонска нација е вештачка творба и е ступидно таа допрва да се формира. Зошто? Затоа што постои исконски македонски народ на своја исконска земја-Македонија, со свои малцинства во соседни земји (одземени од неа со Букурешкиот договор), и раселени Македонци, Македонки и македонски заедници ширум светот (дијаспора).

Вашиот проблем, Јотова, е што не знаете да разликувате нација од народ.

Ваш уште поголем проблем е што знаете оти ниту постоел некогаш, ниту постои денес бугарски народ! Па од петни жили, вештачки, негирајќи постоење и асимилирајќи малцинства на освоена-окупирана територија во границите на вештачки скроената Бугарија, се обидувате да создадете бугарска нација. Залудно!

Да Ви го олеснам учењето:

Вештачка нација е американската затоа што на американскиот континент имало и сè уште има „остатоци“ од исконски народи, погрешно наречени со заедничко име-Индијанци. Меѓутоа, и таму без војна, по судски пат почна процес на враќање на одземена-окупирана територија на разнебитен и асимилиран „индијански“ народ (на „остатоци“ од него). Имено, половина држава е вратена, се разбира засега „симболички“ (завршен повеќедецениски судски процес). Потрудете се сами да откриете за која држава станува збор. Не е потребен голем напор.

Прочитај и за ... >>  Радиомен

Ве поздравувам добрососедски.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.