6. Народ и граѓани
Партиски лигуши, мрсулковци и измеќари на власт со кловновски маски упорно и со голем напор одбегнуваат да кажат народ, притоа „заменувајќи“ го со граѓани.
За грев се овие во власта, на чело со човечето на кое ич не му сече умот, кога одбегнуваат барем да пропелтечат Македонија и македонски народ.
Тие се надеваат дека ќе останат на власт барем до задолжителната промена на личните документи на секој граѓанин, а со која ќе се официјализира бришењето на македонскиот народ и почетокот на формирање (нај)нова нација во светот-северномакедонска-Северномакедонци.
Зарем нема кој да ги научи партиските лигуши, мрсулковци и измеќари на власт дека закони не се носат за граѓани во општество-заедница, туку за еднакви обврски и права во држава со народ и малцинства или со нација (бидејќи нема народ)?!