Потребно време за читање: 2 минути

35. Подмолно сценарио

Ништо и никогаш случајно кај, за и со самосвесни, слободни и самобитни личности. Особено кај, за и со личности со докажани знаење, оптиност, мисла и дело. За кои минатото и сегашноста се залога за иднината. Кои имаат дарба и способност да ја антиципираат утрешнината.

Сè што се случуваше, се случува и ќе се случи скоро во Македонија не е случајно, туку е дел од долгорочно сценарио! Кое содржи стратегија и тактика до конечната цел: уништување на македонскиот народ и неговата држава Македонија. И тоа пред претстојно ново прекројување на светот како неминовност по новата светска позиционираност.  

Чие сценарио? Одамна откриено, осознаено и промислено: на „стратешкиот партнер“ (во наводници оти во суштина тој не е тоа) и „меѓународниот фактор“-пред сè ЕУ (во наводници оти таа не е тоа).

Зошто подмолно? Просто затоа што не е искрено, чесно, во интерес на народот и државата, туку затоа што е таква целта: да се „надмине“ проблемот со постоењето на македонскиот народ и неговото исконско постоење на неговата исконска земја Македонија. Токму подмолноста го содржи мафијашкото уништување на правниот-функционалниот систем, образованието, економијата, здравството, културата, земјоделието, спортот…до неподносливо живуркање. Се разбира, со сестрана помош на внатрешниот непријател, платениците, понизните слуги, изродите.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ И ПРОМИСЛУВАЊЕ, 3

Неочекувано, изненадувачки за оној што не ги разбира нештата или новото устројство на светот (повторувам: во чии „рамки“ е и Македонија и македонскиот народ) неаргументирано, па и налудничаво го изедначува со „теорија на заговор“: голем интерес за претседател на држава(во) во распаѓање-дури десетина кандидати! Секако и за пратеници во нов(иот) Парламент! За залажување на апатичен народ и поттикнување на „интересот“ за финансиско-материјалните придобивки, а без (пре)голема ангажираност и одговорност: повик за што помасовно излегување на претстојни(те) избори, но во исто време и „препорака“, поточно „предупредување“ да се внимава за кого ќе се гласа-кому ќе му се даде доверба и „сугестија“ за кого „би било добро“ да не се гласа.

Што не предвидува, ниту може(ло) да предвиди подмолното сценарио?

Само едно:

Да, масовно излегување на избори, гласање за ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЗМОТ/МАКЕДОНСТВОТО/МАКЕДОНИУМОТ, но и СТРОГА КОНТРОЛА НА ГЛАСАЊЕТО, ОСОБЕНО НА ПРЕБРОЈУВАЊЕТО НА ГЛАСОВИТЕ (најголема опасност од местење на резултатите)!