fbpx Прескокни до главната содржина

Културата и уметничкото творештво и власта

За слободно промислување

Има ли допирни точки меѓу културата и уметничкото творештво и власта? Секако има и мора да има! Ако нема, тоа значи дека власта е примитивна, простачка, неписмена (не аналфабетска), недоветна, идиотска-корумпирана. Последното прво? Не, туку баш последно како „интегрирачки именител“. Власта е корумпирана не случајно, туку во најголема мера затоа што е истовремено примитивна, простачка, неписмена (не аналфабетска), недоветна, идиотска. Следствено, поданичка и предавничка. Која не само што не го брани, туку го  напаѓа, го загрозува и ништи идентитетот на народот кому му е натурена. (Народот никогаш не избира таква власт!) Тоа е суштината на економската, социјалната, политичката и секаква друга криза во едно општество и нефункционалноста на една држава.

Културата и уметничкото творештво секогаш заедно. Никогаш издвоени, секогаш неразделни. Во наспоредна или спротивставена позиција со власта? Зависи исклучиво од неа! Тие пред дури и од науката? Да! Затоа што најнапред темпото на развојот на науката во најголема мера зависи од средствата што власта ги издвојува за неа (не само финансиски), а културата и уметничкото творештво се најнезависни од власта во секој поглед. Нив ниту може да ги врамува, да им ја ограничува слободата, да ги насочува, да ги направи зависни, конечно да ги владее.

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 17

Од сè што е речено и испишано за релацијата култура и уметничко творештво-власт, јас издвојувам нешто на што вообичаено најмалку се става акцентот, а во најголема мера ги отсликува моментните сегашни состојби и идните посакувани и непосакувани процеси: однесувањето. Личното и колективното во општеството, на избраните од народот и на народот во државата. Тоа, пак, секогаш придружено од почитувањето и непочитувањето потврдено со вреднувањето. Во општеството изразени во меѓусебните односи на поединците и колективитетите, а во државата од многу поголемо значење однесувањето на власта, поконкретно на нејзината одговорност и неодговорност, одошто на единките и заедниците.

Што значи културно, односно некултурно однесување во општеството, а што на избраните од народот и на народот во државата? Во општеството најнапред значи признавање и меѓусебна толеранција, придружено со вреднување. Мислам на критичката валоризација, поддршка и поттикнување. А во државата одржување, негување и постојана надградба на создаденото со истовремено овозможување секакви неопходни услови за непречено индивидуално уметничко изразување.

Прочитај и за ... >>  ЕУ се брани од епидемија на корупција во Северџганија!

Суштествено за културата и уметничкото творештво и власта е на кое ниво е нивната меѓузависност од една, а од друга страна какви се и колкави се можностите за заедничко дејствување во постојаното подобрување на квалитетот на животот. Потоа, возвишување на оние вредности кои со својата оригиналност имаат значајно, неодминливо и непорекливо место во светот, како и со нив постојано надвладување на минливоста и маргиналноста на, и на индивидуален и на колективен план погубниот потрошувачки менталитет.

Веќе ја спомнав корумпираната власт како „интегрирачки именител“ на примитивна, простачка, неписмена (не аналфабетска), недоветна, идиотска. Се разбира, за да не биде таква нужно е првин да се оневозможи каква било пројавност на корупцијата, поготово во нејзините „редови“. Но, доколку под „надворешни“ влијанија сепак се појави и почне да се шири како зараза (не може поинаку), тогаш да ѝ се спротивстави енергично и жестоко. Токму со културните и уметничките вредности како моќни „орадија“.  

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 69

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.