Потребно време за читање: 2 минути

Какви односи градиме и негуваме на работното место? Нели се и тие причина за неуспехот на вашето претпријатие, за нездравата атмосфера и, воопшто, за несредената состојба помеѓу вас и околу вас?

Без оглед на кое работно место сте и каква функција имате, постојат некои основни правила на однесување што се дел од основниот бонтон, од секојдневните односи на работното место во развиените културни и цивилизациски средини.

Еве некои од нив. Добро би било да го споредите со вашето однесување и, се разбира, да ги прифатите и да ги применувате како ваши:

Колегијалниот однос на работното место се гради со меѓусебна искреност и доверба, но со една нужна дистанца, како знак на почит спрема одредената личност. Немојте да бидете премногу доверливи и да им се наметнувате на другите.

Во обраќањето на „ти“ или со „Вие“ во нашево време му се придава поголемо значење. Она на „ти“ речиси без исклучок се користи како израз на непосредност, меѓусебно познавање, интимност, но и како доказ дека е изграден рамноправен однос. Никако не како како израз на некултура. Обраќањето со „Вие“ е израз на почит, но и на одредена дистанца или непознавање на личноста на која ѝ се обраќате. Па сепак, на секого не можеме да му се обраќаме на „ти“, на пример шефовите на своите службеници, освен ако е или со многу помлади или, пак, се долгогодишни блиски соработници. Задолжително е подредениот своите претпоставени да ги ословува со „Вие“.

Прочитај и за ... >>  Меѓуполова загрозеност

Во секојдневното однесување на работа мошне се важни љубезноста и меѓусебното внимание. Приватниот живот треба да остане изделен од животот што го водите на работното место, освен ако со некои од вашите соработници сте оствариле поцврсти пријателски врски и надвор од работата.

Во разговор, кога се конфронтирате со спротивно мислење, немојте жолчно да расправате, ниту да го повишувате тонот. Посебно внимавајте да не паднете во афект, за што подоцна сигурно ќе зажалите. Секое недоразбирање треба да се разјасни на вистинско место и да се настојува да се реши договорно.

За работната дисциплина како темел на правилната работа на секое работно место не треба многу да се трошат зборови. За неа важат неколку правила или совети:

-на работа треба да се доаѓа секогаш навреме;
-не ги задржувајте вашите соработници во работата со своите кажувања, расправи, размисли, приказни;
-вашата работна маса треба секогаш да биде уредна, да знаете што каде се наоѓа;
-не го отворајте прозорецот, а да не ги прашате другите дали тоа не им пречи;
-не отворајте туѓи фиоки и не земајте нешто од туѓа работна маса без дозвола;
-на работен состанок не им упаѓајте во зборот на другите, а своите ставови изразувајте ги гласно;
-односот помеѓу мажот и жената на работното место треба да биде колегијален.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here