Потребно време за читање: < 1 минута

Што сѐ би можело да го гарантира успехот на љубовната врска или бракот? Некои сметаат дека е тоа индивидуално, за едни едно, за други друго, за трети сосема трето, но психоолозите тврдат дека има неколку универзални правила.

Според направени истражувања, станува збор за 5 темелни правила за цврста и стабилна врска.
Ако не сите од наведениве, може да ви бидат од корист некој или некои од нив:

1. На обајцата ви е потребна сигурност. Добрата врска е заснована на компромис и на обострано земање и давање.

2. Натерајте го партнерот да ве слуша така што ќе му покажете колку цените кога ве слуша со целосно внимание. Исто така, покажете интерес кога тој нешто зборува. Морате да знаете дека повеќето мажи не се ментално програмирани за разговори онака како што се тоа жените. Ним им е потребно повеќе молчење и мир.

3. Не чекајте спонтани комплименти, туку кажете нешто убаво за себе и барајте од него/од неа да се согласи со тоа.

Прочитај и за ... >>  Совршена жена-совршен маж

4. Прикриеното незадоволство труе секоја врска. Затоа, ако нешто ви пречи кажете го тоа веднаш.

5. Ако имате деца, вклучете го максимално и партнерот во воспитувањето, дури и ако мислите дека тој не го прави тоа како што треба. Важно е пред нив вие двајцата да претставувате обединет фронт.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here