Потребно време за читање: 2 минути

Дали се големи или мали вистините што следат, сепак останува сами да процените. Во секој случај, не се работи за некое „зезање“, односно подбишега со едно од основните „нешта“ на животот. Не само во егзистенцијална, продуктивно-репродуктивна смисла, туку и како дел од целосната исполнетост на личноста.

1. Многумина луѓе воопшто не сакаат сјаен секс
Добриот секс навистина може да биде моќен-може да ве опушти, да ве загрее, да ве утеши. Ако сакате да му се препуштите на страсниот секс, морате силно да му се приближите на својот партнер, толку што во целост да може да ве обземат чувства спрема неа или него. Тоа, пак, значи дека тој или таа можат да ве одбијат во кој било момент, дури и кога сте најранливи.

Ако сакате неверојатно добар секс, мората да можете да се носите со своите внатрешни стравови.

2. Сексот станува подобар со годините
Иако младите луѓе полесно се возбудуваат, паровите во своите 40-ти, па дури и 60-ти години имаат извонреден секс. Во младоста жените се трудат да бидат сексуални, но не „евтини“, додека во зрелото доба повеќе немаат потреба да се докажуваат и помалку се несигурни.

Прочитај и за ... >>  Историјата на бакнежот

Во средните години сте посвесни за себе, а помалку збунети и несигурни.

3. Компромисот не е секогаш решение
Компромисите како „ќе го направам тоа, ако ти го направиш ова“ можеби ги изедначува партрнерите, но по правило секое лице ќе го одбегнува она што го ограничува. Тогаш на партнерите в кревет им преостанува ограничен репертоар, со други зборови-здодевност. Освен тоа, кога еден партнер е помалку ентузијаст што се однесува на сексот, другиот му забележува и „брои“.

Самите преземете иницијатива и пробајте нешто ново.

4. Жените сакаат жежок секс
Верувале мажите или не, жените почесто од нив зборуваат за „страст“, за „напаленост“ и „жежок секс“. В кревет тие и слични „лоши“ зборови ретко ги изговоруваат оти се срамат или подобро „што ќе мисли партнерот“. Освен тоа, многумина мислат дека сексот во брак би требало да биде нежно „водење љубов“, па се чувсатвуваат виновни ако сакаат нешто „лошо“.

5. Сексот не е вештина
Митот за вештината в кревет е-мит. Ако размислувате за сексот како за нешто што морате да го научите, премногу ќе се концентрирате на тоа сѐ да биде како што треба, а ќе заборавите со кого сте в кревет. Исто така, ако партнерот постојано го упатувате како тоа да изведе точно техники („овде, а не таму; вака, а не онака“), тоа ќе ве доведе до механички, предвидлив и студен секс. Можеби ниту вие самите не знаете што точно сакате-желбите се менуваат.

Прочитај и за ... >>  Совршена жена-совршен маж

Заедно препуштете му се на истражувањето и вашиот секс ќе биде гарантирано врел.

6. Престанете да се натпреварувате во оргазмите
Повеќе оргазми не значат подобар секс. Многумина се сјајни в кревет, но никогаш не се задоволни оти емотивно се исклучуваат. Ова главно почесто вреди за мажите, но обата пола можат да доживеат оргазам, а притоа да не уживаат во сексот.

Наместо да се концентрирате на оргазмот, посветете повеќе внимание на емотивната и телесната поврзаност-потрудете се во секој момент да бидете интензивно свесни за партнерот.

7. Усогласете се, немојте да се разделувате
Некои сексуални психолози велат дека вашиот секс може да биде подобар ако го исклучите мозокот или фантазирате за некој друг. Тоа е вистина, оти тоа може да ве возбуди. Меѓутоа, ако во целост го исклучите или телото или мозокот, сте го исклучле и својот партнер односно сте ја исклучиле својата партнерка. Во таква ситуација лесно може да ве попречи каков било попатен звук.

Прочитај и за ... >>  7 смртни женски гревови на секоја врска

Концентрирајте се во целост на партнерот, па доживувањето така ќе биде уште поинтензивно.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here