fbpx

Уште жив

Крај огон жив он жив
како неразделни
како дамна еден во друг
да биле и да бидат вечно
како искра како блесок
во далечина.

Веќе никој не може
да го догледа уште жив
зашто е недогледив исто
колку што е несогледлив
е недофатлив
ни кога пред квечер
се претвора во сенка.

Жив е крај огон жив
но не се докажува таков
во тишина во мразнина
за да не ги оддалечи
од себеси
та конечно да мора
да почне по живот
да умира.

Он жив крај огон жив
во пустошија која дамна
му ги растреперила
душата и срцето
му ја изранила опстојбата
му ја обеснажила свеста
што да не ни посакува
да му се предаде
на бесконечноста
а ни на безвременоста.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Мразнина, поетска студија, 53

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.