50. Работа-Труд
Не секоја работа го облагородува човекот, ами само онаа што му прилега, што знае и сака да ја работи, на која може да ѝ се посвети. Сетики го благороди делото по неа.
Ама неработата не само оти го разболува човекот, го снеможува, му ја турка снагата наземи, ами и го унижува, го обезличува што да не се препознава себеси. Ни други да не го познаваат и признаваат.
Ниедна работа што се работи со мерак, со срце, најсетне не излегува залудна, излишна, грешна.