Потребно време за читање: < 1 минута

86. Предавство

Не го знам човекот, никогаш не сум го запознал, но воопшто не ме изненади кога разбрав дека извршил уште едно предавство. Уште едно? Да, по многу други различни пред него, а знајни на оние на кои им наштетил со нив, на оние што го следат, особено на малубројните што совреме му ги откриле и не дозволиле да бидат жртви на неговите предавства. Помало или поголемо од нив? Најголемо? Ниедно исто или слично на него? Ниедно од оние што ги  знам, ги узнав во меѓувреме, чии последици ги имам доволно промислено.

Предавникот изврши непростливо предавство на еден откорнатик од родната грутка: тој никогаш веќе не ќе може да се врати во неа. Затоа што им помогна на туѓини да му ја разнебитат, а тој да не е што бил и што е без неа.

Никој не знае каде е сега, каде се сневиде. Се зборува дека е во некоја далечна земја со сменет личен опис.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here