Потребно време за читање: < 1 минута

78. Соживувањето

Уште нешто како несомнена потврда на забрзаното заздравување на Љуба, радосно забележано од Самобитна сенка: нејзин повторуван став (мисла?) при загледување во заеднички насликаните портрети. Имено, во последните такви омилени сеанси, како што на шега ги наречуваа („Ајде сега нашите омилени сеанси“) Љуба не пропушташе да рече беспоговорно: „Се соживуваме со нив“.

На самобитната сенка не ѝ треба докажување или какво годе образложение дека е тоа потврда на заздравувањето на Љуба. Не само затоа што го носела и го носи најголемиот товар откога ја струполи и ѝ ја вкочани снагата мозочниот удар, туку и дека оттогаш нејзиниот удел во сликањето е доминантен, често пресуден.

-Се соживуваме со нив,-ѝ вели Љуба, веќе гласно, разбирливо и со лесна насмевка на усните. Вечерва ги гледаат подолго од вообичаено досега од нив насликаните портрети.

-Ако не се соживуваме, не би ги ни насликале нели,-возвраќа Самобитна сенка.-Се соживувавме пред да ги насликаме, додека ги сликавме и сега, сѐ уште. Всушност, сега најмногу. Со нив сме,-доречува.

Прочитај и за ... >>  НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Подвлечено во есеј по повод поранешна изложба на нивни портрети, од ликовниот авторитет во Прострел Серафим Животен:

„Соживувањето со портретираните личности му даваат на ликовниот дискурс вонвременска димензија. Тоа го забележува секој зналец во личниот опстој, во само една најмала црта, трага од боја или во одвај забележлив потег на четкичката“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here