Појадокот-најважен оброк на денот

Потребно време за читање: 2 минути

Дали некогаш сте се запрашале каде почнува лошата/неправилна исхрана?
Дали некогаш сте помислиле дека токму во тој оброк лежи решението на повеќето здравствени проблеми?

Разбирливо е дека поради сѐ подинамичниот секојдневен живот и обврските кои тој ги наметнува, сѐ потешко е да се посветиме на здравиот и правилен начин на исхрана и редовните оброци. Затоа е важно да се обидете да имате здрав и квалитетен појадок, кој ќе ви даде доволно енергија за целиот ден.

Лошата и неправилна исхрана започнува секој ден штом ќе станеме.

Нашето тело е составено од 100 трилиони клетки, на кои секојдневно им се потребни нешто повеќе од 100 различни хранливи материи (нутриенти).

Правилниот појадок и редовното пиење на минимум 2 литра вода дневно се потребни за:

-да се има енергија;
-регенерација на телото;
-правилно функционирање на нашиот организам.

Сѐ што претходниот ден сме внеле во организмот (храна и течности-вода), е потрошено во текот на претходниот ден и ноќта. Како?

Околу 1 литар течност се троши во текот на ноќта преку дишење и потење. Храната внесена во текот на вчерашниот ден постепено се троши во текот на новиот, а ако нешто остане тоа во текот на ноќта се складира во масните ткива. Во текот на ноќта телото ги троши сите хранливи материи што се потребни за регенерација на клетките, ткивата и органите.

А што ние вообичаено му даваме на телото наутро?

Прости јаглехидрати (најчесто шеќери) или ништо!

Дали знаете дека ако на телото му давате шеќери повеќе отколку што му се потребни, тогаш тоа вишокот на шеќерите ќе ги претвори во масти? Штом овој процес заврши, нивото на шеќер во крвта е ниско, на телото, а посебно на мозокот му недостасува шеќер за правилно да функционира. Затоа посегнуваме по „брза енергија“, која повторно ја наоѓаме во благо, месено, тестенини, итн. Енергијата ни е на ниско ниво, концентрацијата е намалена и имаме потреба за спиење. А кога ќе станеме, процесот се повторува. Тогаш најчесто посегнуваме по благо, по кафе, за да ни го покачат шеќерот и да може да си дојдеме на себе.

Овој циклус се повторува повеќе пати во текот на денот. Значи, мастите во крвта не ги таложиме наеднаш ако изедеме поголема количина на храна, туку малку по малку, во текот на целиот ден, незабележливо. Истото се случува и ако наутро воопшто не појадуваме.

За еден појадок да се смета за правилен треба да исполнува четири критериуми:

-да има доволно нутриенти (хранливи материи), за да обезбеди ситост;
-да даде доволно енергија -да ја обнови онаа која е потрошена во претходните 24 часа и да ја одржува;
-да го одржи нивото на шеќер во крвта константно-без преголемо лачење на инсулин и претворање на шеќерите во масти;
-рехидрација- надоместување на резервите на вода (минимум 2 литра вода дневно или 1 литар вода на 25 килограми телесна тежина).

За да се обезбеди рехидрација, штом ќе станете пробајте веднаш да испиете две големи чаши вода (околу 500 милилитри). Останатата потребна количина на вода, за правилно функционирање на вашето тело и прочистување на вашите органи од токсините и отпадните материи, надополнете ја постепено до крајот на денот.

Leave the first comment