Потребно време за читање: 2 минути

Постои ли еден-основен и едновремено најдобар рецепт за здраво тело и здрав дух? Еден од кој „тргнуваат“ сите други?

Постои рецепт или препорака сеедно, во една реченица: вратете ѝ се на природата!

Или може како „спротивен“: причината за најголемиот број на болестите, ако не и на сите е-лошата исхрана!

Имено, болестите поврзани со лошата и неодмерена исхрана се предизвикани од цивилизацискиот степен на развој. Познати се најраширените болести на модерниот човек: реумата, проблемите во размената на материите, срцевите болести и други. Тие го напаѓаат човекот, а се резултат на диктатот на прехранбената индустрија кој, пак, се раководи од интересот на заработката (пари, пари…).

Точно е дека многу прехранбени производи кои може да се најдат како секојдневни во продавниците се богати со хранливи состојки-белковини, масти и јаглеродни хидрати. Но во нив најчесто не се доволно застапени или дури воопшто нема многу витални состојки-витамини, минерали, ензими…

Значи, најнапред се наметнува урамнотеженоста во исхраната, а таа, пак, поврзана со природните производи.

Прочитај и за ... >>  Здравјето- хармонија помеѓу умот и телото

Утврден е составот на тн. полновредна исхрана со производи од природата кои, освен хранливите состојки, содржат и витални елементи за човечкото здравје. Конкретно, на менито би требало редовно да се наоѓаат овошје, зеленчук, зрнеста храна, свежи жита и природни масти. На пример павлака, путер и масла добиени со пресување. Дел од храната мора да се јаде свежа, зашто е познато оти во текот на готвењето доаѓа до големи загуби на хранливи материи.

Во помалку развиените и сиромашните средини човекот научил дека за добра, па и здрава исхранетост, односно за покривање на дневните потреби на телото од белковини е нужно користење на производи како месото, колбасите, јајцата, млекото и млечните производи. Модерниот човек, пак, не само во развиените средини, знае или би требало да знае дека е тоа одамна отфрлено. Многубројни истражувања покажале дека луѓе кои користат вегетаријанска храна се многу поздрави од оние кои користат месо.

Вистина е дека растителните бнелковини немаат иста структура како оние од животинско потекло, но комбинацијата на белковини од растително потекло, од разни жита и зеленчук, гарантира доволно снабдување на телото. Притоа е важно секој ден да јадете свежа храна.

Прочитај и за ... >>  Додатоци во исхраната што ги препорачуваме за оваа зима

Одлучувачка е и навиката на земање храна. Брзото јадење го оптоварува варењето, а како резултат на тоа често доаѓа до подуеност и до гасови во дебелото црево. Затоа се препорачува задолжително храната добро, темелно да се соџвака. Тоа овозможува да добие на вкус, да се олесни нејзиното варење и подобро да се регулира апетитот.

И конечно: начинот на подготвување на храната. Печењето, конзервирањето, пастеризирањето, хомогенизирањето итн. ја обезвреднува првобитно квалитетната храна. Поради недостиг на витални елементи во неа, човечкото тело повеќе не може да ги користи на соодветен начин, па како резултат на тоа се добиваат спомнатите болести на модерното доба. Се препорачува така подготвената храна колку е можно повеќе да се избегнува.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here