Науката за литература

Потребно време за читање: < 1 минута

Основно за неа како нужност за разбирање на севкупноста и комплексноста на меѓузависноста на книжевноста и цивилизацијата, а особено за темелно и творечко читање на едно книжевно тело. Што, пак, значи и градење и надградување на сопствени критериуми за неговите цивилизациски вредности.

Најнапред, историјата на литературата: нејзиниот развој, нејзините појави и пројави, творечкиот живот на нејзините создавачи, критичката валоризација на нивното творештво. Да се имаат предвид националната или посебната историја-на еден народ, нација, светската односно општата, и компаративната-споредбената-развој, врски, допирни точки и разлики помеѓу националните литератури.

Потоа, теоријата на литературата-суштината на литературата како уметност, процес на создавање на едно дело, нејзината структура, значење, место и улога, формите-композиција, јазик, стил.

И конечно, литературната критика. Таа е особено привлечна за секој друг творец, литерат, за секој што има респект спрема резултатот од концентрирана или потрошена творечка енергија.

Критиката како објаснување? Никако не. Какво објаснување? Кое дело бара објаснување. Како толкување? Какво толкување? Кое дело бара толкување? Откривање? Да, апсолутно да. Оценка? Да, како дел од откривањето на делото, како дел од неговото продолжение.

Основни созанија: дел од книжевноста која служи како врзувачка нишка помеѓу книжевното дело и читателот; цел на книжевната критика е да ги открива оние значења и убавини што ги содржи едно конкретно книжевно дело-задоволството во него.

Критичарот како идеален читател? Чудно тврдење на некои. Имало ли некогаш, има ли таков? Јас сум и писател и критичар, но не затоа што сум пишувач и читател, туку оти знам кој е напорот нешто да се напише и колкаво е задоволството кога нешто ќе се открие.

Leave the first comment