Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 4 минути

На прв поглед, со неа владеат недораснати мајмуни со ненаситна желба за самозадоволство, чиј секој потег влијае врз животите на милиони луѓе кои веруваат дека поради неколку илјади години на цивилизацијата не смеат да ги стават мајмуните во кафез пред да им истекне последниот мандат.

  1. Толку е стара што ова денес што го имаме мора да се нејзини прапрапрапраправнуци.

Ако ги исклучиме постарите и денес од мнозинството заборавени цивилизации, првата појава на владеење на народот, како што популарно се нарекува демократијата, била во античка Грција, во која богатите жители на неколку градови се откажале од своите кралеви (под откажале главно можете да сметате-погубиле) и одлучиле да владеат самите со себе. Жените, слугите, робовите и слободните мажи кои не завршиле воена обука немале право на глас, а на демократиите им требале повеќе од 2.500 години за да ги променат овие правила. Но, атинската демократија, на пример, била директна демократија во која оние со право на глас можеле директно да гласаат за важни работи кои ги засегаат, без претставници и нивни тела. Што не е практично ако сметате дека е важно да ја имате власта во свои раце.

  1. Важно е да се учествува, и онака нема да победите.

Вашето учество на демократски избори е како учество на помалку познати спортски земји на Олимписки игри. Спортистите се среќни оти имаат можност да дојдат таму секои четири години, додека големите ѕвезди ја слават својата победа над сите народи на светот и спонзорските договори кои доаѓаат со нив. Сѐ е в ред додека сте задоволни со тоа да ја искусите демократијата само еднаш во неколку години, зашто во меѓувреме со вас владее секогаш некој друг.

  1. Ви зборува дека имате право на одлучување во сите нешта што ве засегаат. И потоа ве расплакува.

Зашто, се разбира, вие тоа во практиката го немате. Бидејќи изборите во општественото уредување во кое живееме се единствен момент, освен оној кога вие и вашиот работодавач за вас плаќа данок, кога власта воопшто сака да знае дека постоите. В ред е ако чувствувате дека помеѓу вас и оние од власта постои еден процеп. Омеѓена со висок ѕид на кој се парчиња искршено стакло, бодликава жица и околу кое кружат вооружени крстоносци на мочуришни тролови и планински орки.

  1. Теоремата за бесконечниот мајмун е клучна за нејзиното одржување.

Ако му дадете на мајмун неограничено многу време и го пуштите како ќе му дојде да удира по тастатурата, тој во тоа (дадено време) еднаш сигурно ќе ги произведе комплетните дела на Вилјем Шекспир. Нашиот народ би рекол и дека слепа кокошка понекогаш набодува зрно. Со оглед на количеството вклучени мајмуни, принципот на неодредена сигурност му овозможува на секој систем колку- толку да функционира во одреден период на време. Потоа тој се струполува во бездна во која не постои ништо друго освен…Всушност, сето ова добро го познавате, нема потреба да се објаснува.

  1. Кога сме веќе кај мајмуните во триделбата на власта, еден не гледа, друг не слуша, трет не зборува.

Оној мајмун што не гледа би била извршната власт, оној што не слуша законодавната, а оној што не зборува судската. Иако, како што бидува со мајмуните, можете оваа поделба да ја направите како ќе ви дојде и пак ќе функционира. Важно е само да го прифатите начинот на кој мајмуните функционираат и тоа премногу да не ве нервира. Ако сте биле во зоолошка градина и малку сте ги посматрале, сте виделе дека нивното однесување е ирационално, дека сакаат да чепкаат едни по други, дека радо се самозадоволуваат и во секунда ќе направат хаос во кој ќе `ржат едни на други, ќе се касаат и гаѓаат со измет. Баш се смешни.

  1. Доста со мајмуните. Кои се тие гуштери што всушност владеат со нас?

Секој што барем еднаш гледал заседание на сабор (хрватско собрание- заб.м.) и влада, дошол на помисла дека не е можно таа група на примати да управува со државата. Невозможно, зашто да им дадете да направат ред на возење на трамвај во Осиек тие тоа не би биле во состојба да го направат и трамвајот би застанал. Да им дадете да продаваат коковчиња и пиво на фудбалски натпревар, не би успеале ништо да продадат и уште деца би им ја украле сета стока. Оние што управуваат со државата никогаш нема да ги видите на некоја државна функција, ниту на телевизија, ниту во трамвај. Тие ги поседуваат, а сите работат за нив.

  1. Квака 23: Вашиот глас е сосема неважен, но е многу важен ако не гласате.

Поголем проблем од квава 22 е само квака 23. Додека квака 22 е логичен парадокс од кој нема излез, квака 23 е ситуација во која квака 22 ве довела. Да речеме, некој ја освојува власта, на пример ХДЗ (партија во Хрватска- заб.м.), и тоа му дава можност да ги претставува извршната, судската и законодавната власт во државата. Тоа му ги дава механизмите со кои може да ги добие и следните избори, а вам мачнина во желудникот. Ако гласате, вашиот глас претставува отприлика 0,0000002% од вкупните гласови, што е занемарливо. Доколку не гласате, вашиот глас ќе овозможи останување на власт на оние што не би требало.

  1. Му дава право на секој да биде избран. Убедени сте дека тоа не се однесува на вас.

Последниот попис на населението покажува дека во некои жупании бројот на гласачи е поголем од бројот на жители. Освен тоа, бројот на жители е 4,29 милиони, а бројот на гласачи 4,09 милиони, што значи дека помлади од 18 има само 200.000. Што не може да биде, зашто бројот на ученици во училиштата е поголем од тоа. Според пописот, бројот на гласачи би требало да биде најмногу 3,39 милиони. Додека размислувате за ова и се прашувате кај кого би можеле да одат овие гласови и кој ги прави пописите на гласачите (да ви биде полесно: оние на власт знаат и можат), пробајте и смислите како тоа да се промени. Дури и вие можете да бидете избрани, не можете да бидете полоши од овие што веќе ги имаме. Направете го тоа. Pliiiiiz….

  1. За разлика од феудализмот, сосема е нејасно во чии раце е власта. И парите, ако е за право.

Без да погледаме некој сигурен и сериозен извор, можеме со фрлање на поглед на Википедија да видиме дека постојат 47 основни облици на владеење. Сѐ се тоа идеолошки и теоретски принципи. Во практиката, секоја власт се освојува со сила, поинакви се само механизмите за нејзино одржување. Премногу глави во минатото паднале за оние што владеат тоа да го работат отворено. Не мислите дека премиерката и владата се способни за тоа? Дека претседателот нешто работи? Дека саборот е место на кое се одлучува?

  1. Сѐ што ви зборуваат медиумите е лага. Освен ова. Ова е, се разбира, вистина.

Јаца рекла нешто смешно, да видиме што вели Зоки. Северина и натаму е трудна, а на останатите вести погледајте како жителите на Срачковец се носат со падот на температурата од 5 степени, што работи мачката на соседот, посетата на министерот за туризам на Молдавија. Додека сте веќе тука, погледајте што ви вели хороскопот, кој има поголеми цицки и 10 совети како да престанете да пушите.

Извор: Net. hr

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here