Потребно време за читање: 4 минути

941. А бе кај је?! Нигде го нема!
Ни да се јави ни сурато да го извај на видело.
Да не фатил уплав од народо!?
Ко во земја да пропаднал!

942. Мудрио мисли и домислуа, а итрио се снајдува кај шо ќе се најди.

943. Валкани сурати си стајле маски божем чисти.

944. Колку појќе претате во калта, толку појќе заглибуате во неа.

945. За апашиштата пред бегање или сокривање свето је голем. За народо од ними испокраден ем мал ем на виделина.

946. Решени се да одат докрај оти им се ближи крајо.

947. Пред народ сал чесни, стамени и достојни.

948. Убаа ем стројна мома излегла меѓу луѓе сонце да ја огреј.

949. Ја ко да не се уморуам? Само кога веќе не можам.

950. Ништо не му је важно на чоек шо живурка. Ни дали ќе види нов ден.

951. Полошо од рамнодушието на народо денес је негоото неверуање во утре.

952. Ај не мисли оти создадов и создаам големо дело. Веруј, ќе ти биди многу полесно.

953. За кого? За сите, а за мене малу али ич.

954. Ја и ти на крајо ко наша последна цел.

955. Уште вака оти нито знајте, нито можите, нито смејте инаку.

956. Го испокрадовте и го збришавте народо, па уште он ви је крив шо оние на кои им измеќаруате ве оставаат на цедило.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 24-87

957. Нема ни вчера ни денес ни утре со шутраци на власт и во неа.

958. Сал сплотени никој не ни можи ништо ни дома ни во свето.

959. Политиканти на власт ја со симнати, ја со смрдени гашти!

960. Сум рекол и пак ќе речам:
Не ти дозволуам ни да ми се доближиш, а камо ли да ти се најдам во умо.

961. Не е стравуање, ами насетуање, па и убедуање оти веќе никој не можи да го спречи ништењето на народо во негоа држава.

962. Не смејш да си дозволиш да не избираш. Без оглед шо можат пак да ти изберат.

963. Оти толкав уплав на мафијава да не ја изгуби власта? Оти им је дојдена преку глаа и на оние шо ја напраија и му ја натурија на народо.

964. Која беда измеќарска на багра властодржачка и властољубна.

965. Немоќен, предаден, замолчен и обезличен народ во ред ко стока за на клање.

966. По недостојно, жално и срамно трпение-нема спасение!

967. Им кажувате в лице на безлични!

968. Не сум ко други, ниту сум бил кога било ко сите. Секогаш сум бил, сум и дур сум жив ќе бидам јас, сал еден и единствен.

969. Или је најтешко или је најлесно да бидиш чесен пред себеси.

970. Игри и ујдурми на измеќарска натурена власт.

971. Ништо од мене за тебе штом не ме есапиш ни за жив, а знајш оти сум.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 209-257

972. Пристојна живеачка наспроти бедно живуркање во богаство.

973. Не пробуајте да ме сметате ко свој, сметкаџии низаедни.

974. Чоек си го носи срамо дур е жив, а отко ќе умри потомците се срамуаат од него.

975. Убоо ми је на срце ко ќе видам убај чупиња и момчиња разиграни, распеани и во љубов. Пробуам да им бидам близок, а старцкиве години не ми даваат да се замешам во ними.

976. Во циркусо кловнојте ај шо се за смеење и плачење на публикумо, ами сал ними не им се знаат суратите под маските.

977. Ја ко шо си знам и затоа не сум со оние шо не знаат.

978. Ем млади ем гајле си немаат за утрешо свој.

979. Кое фајде од пари без здравје и радуање?

980. Прво да се отарасиме од апашиштава и неписмениве на власт, па после се по ред.

981. Некоаш ми се чини ко да минало мојто време, а некогаш ко да ќе ми дојди допрва. То да не је од староста?

982. Држи се за даденио збор и не ќе можи никој да те замолчи.

983. Не можам да си простам ништо шо зависеше саде од мене.

984. Ти со твојта љубов не беше за мене, а ја просто не можам да те забораам.

985. Не си ти крив шо криво те насадиле.

986. Ишкаш муви шо налетале на твојта глаа.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 782-832

987. Тешко тебе ко ќе биди оти мора да биди.

988. Зандани ве чекаат со отворени железни врати.

989. Ќе му кажуате на народо шо боже сте праеле за него, а всушност саде го испокрадовте. И добро знајте шо он скоро ќе ви напрај.

990. Не можи ништо само да си дојди на свое место. Се треба да се намести.

991. Народо не можи греојте да ви ги изброј, а вие од него барате прошка.

992. Чоек да плачи од смеење кога ве гледа колку сте смешни кога се препраате ко чисти и невини.

993. Чоек на два ума бара трет напомош.

994. Ти одамна не можиш ништо против мојта љубов кон тебе.

995. Шо да прајме со се растурено и разурнато?
Прво да прајме темел!

996. Само да не се замешаат оние на кои овие им слугуваат и пак да наместат и да натурат слугинска власт.

997. Идиотски е уште да си терате со лажење и да се надеате оти народо пак ќе ви поверуа.

998. Вие не грешевте и не грешите за да ви се прости. Вие сте изроднички апашишта кои ем го испокрадовте и уште го крадете народо, ем го збришавте него сосе негоата држава.

999. Можи да се предвиди шо ќе биди? Само да не биди непредвидливо.

1.000. Се осилиле ко никој да не им можи ништо. Да не је крајо на договоренио крај со стратешкио ортак?!