Потребно време за читање: 2 минути

88. Можи чоек дури не снеможи меѓу премрежја.

89. Несреќа:
Сосед гледа сосед напоречки и се дума како да му напакости.

90. Несносливо е замајувањево на народо од политикантиве на власт.

91. Будалска работа:
Стои зад тебе и веќава оти ќе стои оној шо небиднина ти крои.

92. Нејасно е зошто сте запнале ко волој впрегнати во јарем за орање пустошна земја.

93. Немало неубаа во твојо животец и имало една најубаа.

94. Не можи без жртва ем саможртва. Од шо сакаш да напрајш и до каде да стасаш, зависи шо ќе биди појќе и побрзо.

95. Некоаш нема врска, а секоаш је добро да има меѓу многу и големо.

96. Кажано многу со малу зборој, недоречено сè со многу.

97. Замислен и жалосен оти не оди ко шо треба и не ќе је на арно шо се прај.

98. Најпосле им дојдоа преку глава оти им се качија на глава.

Прочитај и за ... >>  ОГНИШТЕ-роман во продолженија

99. Глеј си ја работата шо си ја знајш и сал од тебе зависи.

100. Нема спас за сите нас од толку накотени апашишта и политиканти на власт.

101. Море малу ти је ко да не си жив кога им препушти сè и дозволуаш да ти праат шо и како сакаат.

102. Ебати живото на стари години кога премален нема кој како било да ти поможи.

103. И шо после од тебе али со тебе? Бетер, а можи и ништо.

104. Не им се тргај настрана на аздисани. Прај шо ќе прајш за поскоро во ред и поредок да ги стајш.

105. Подзастануам, сè појќе заостануам, ама не запирам. Уште не сум дооден на својо пат.

106. Ти се чудам, чупе убоо, како брзо ем лесно си ја раздааш убајната.

107. Сега сме до кај шо не треба да сме ако сакаме и натаму да сме.

108. Будали сркаат шо будали им надробиле.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

109. Измеќаро се надеа на трошки дури не се наситат негојте стопани.

110. Ако можите без секого, и без вас можи секој.

111. Мрсул партиско-политикантски го кренал носо до небо.

112. На апашиште со опинок во глаата, неучено али недоучено и со симнати гаќи може само апашишта власт да му даат.

113. И исти и различни заедно во одбрана на живото шо вреди, врз кој навалиле силни ем стрвни.

114. Сакај, ама памти оти сакањето можи низ нос да ти излези.

115. Народо непатено пати од вас, апашишта на власт, ама памти и појќе од дупло ќе ви врати.

116. Фати бусија навреме за последна одбрана на твојто постоење.

117. Плодно семе је за во плодна земја. Не за во запустена и пустошна.

118. Не ти вреди шо учиш ако те учат приучени и неуки.

119. Ја си знам кој сум, шо сум, та баш ми је гајле шо за тебе никој и ништо не сум.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 717-781

120. Како ми мине времево, така сè помалу се надеам оти заедно ќе видиме бел ден.

121. Да, сум рекол оти сум одамна меѓу жив ко мртов и мртов ко жив, ама не од кога до кога и од каде до каде.

122. Богатници апашки, ви се ближи крајо. Или ќе го вратите испокраденото од сиромасите или џенем без него.

123. Иди време во кое чесни, зналци и создатели ќе бидат на чело на народо против нечесни, тапоумни и рушители.

124. Шо ти издробиле, тоа ќе кркаш. То се знај ко шо те научија оти си кркач на туѓо. 

125. Нема да дочекам поубај времиња? Ако де, само нека дојдат.

126. Ќе остани недокажано ко докажано од мене, а шо не ќе можи никој да го докажи.