НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 209-257

Потребно време за читање: 2 минути

209. Се криеш оти си сокрил и сокриваш.

210. Не можат ако не им дозволуаш.

211. Ти не си при ум кога си прифатил непријател да ти биди „стратешки партнер“.

212. Не си богат со крадено народно богатство. Појаден си од сиромав.

213. Не секако, ами по твое.

214. И гладен и жеден стамен и на себеси достоен.

215. Тамам работа согласни да се согласуваат во сè.

216. Очи си плакнам со твојта убајна.

217. Ја знам како би ја ко ја.

218. Ако нема правдина, нема слобода. Исто ко шо нема вистина.

219. Ми се гади кога те гледам како се лигавиш пред твојо тутор.

220. Не разбирам зошто на силнико му се требни платеници, предавници и измеќари.

221. Ништо не оди, сè назадува. Само крадбата властодржачка напредуа.

222. Соседо збудалуа крадејќи минато оти нема свое, а и сегашноста му је за никаде.

223. Никако не можи оти премалел од неможење.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 88-126

224. Шо мака имаш со мене? Дека сум на своја земја од искони?!

225. Соберете си ги умојте и покажете јунаство против злото соседско.

226. Шо можи да нè обедини? Саде одбрана на живото денес за утре.

227. Им дале власт оти им биле помрачени умојте или им се помрачиле откога им ја дале!?

228. Апашиштава на власт крадат од нив испокраден народ! Ама и од „стратешките партнери“ со нивно помагање ем заедничко крадење.

229. Има чесен во власт на политикантски апашишта? Можи да има, ама е исто ко да нема.

230. Несомнено е дека свестуањето ќе ви биди многу болно.

231. Знам оти не ви је до играње, ама морате кога дозволуате да ви свират.

232. Не трчај ко прле пред апашко-политикантско магаре.

233. Тресеш зелени, а не збираш зрели. Оти си зелен, нито некоаш ќе созрејш.

234. Си напрајл многу, си создал големо дело, па шо уште?!

235. Оној шо ќе преживеј, ќе сака шо побрго да умри.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 717-781

236. Сум рекол и пак ќе речам дека сум рекол.

237. Белки не му земате здраво за готово на неарен во умо.

238. Знам оти не ти значи ништо, ама знај оти не те забораам.

239. Важна је заднината, ама треба да се знај и преднината.

240. Политикантскио простак прашуа друг, а самио си одгоара.

241. Чудна работа!
Носат шо тесно им го скроиле, а не можат ни да дишат во тесно сошиено.

242. Си праат ко шо им чини, а не знаат шо праат.

243. Главните глувци играорци почнаа да викаат: „Бегајте, иди мачоро!“

244. Празноглај гојда во јареми впрегнати.

245. Ќе биди шо мора да биди однапред смисленото.

246. Белки не предоцна ќе се испрајме, ќе ги крениме глајте и ќе удриме по душманиве.

247. Никако не можи да биди случајно невремево во времево. Свести се, чоеку!

248. Сокриеното сè почесто предоцна се открива. Али со друго сокриено се покрива.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 941-1.000

249. Можи веќе да сум никој и ништо за тебе, ама уште сум уште шо ти бев.

250. На чоек во години најтешко му је кога нема со кого ни да се насмеј, а камо ли збор да прогоори.

251. Љубима, ми требаш за спокој и здравје.

252. Апашка власт си тера по свое и не смеј ни да гугни пред оние на кои им измеќаруа.

253. Сè се прај за ко шо треба да не се напрај.

254. Со умни и учени белосветскио џган политикантски не можи да си игра дрндупка.

255. Со џганов властодржачки бел ден нито видовме, нито допрва ќе видиме.

256. Они не се срамат оти не знаат за срам.

257. Навалиле на народо да го сотрат дури не се кренал на нозе и не се испрајл.