Потребно време за читање: 2 минути

580. Прајш добро кога можиш, но никогаш и никому не му прајш лошо.

581. Вреди и љубов шо не се возвраќа.

582. Не ќе је на арно кога се радуаш на ситни нешта, а крупни ти го матат умо и срце ти разболуаат.

583. До кај ќе стасам на мојо пат, дотаму било.

584. Ич не ми је гајле шо ми мини времето. Дека беше и је мое.

585. Да си знајш оти је многу страдно ти да ја љубиш, а она тебе не.

586. Шо со азното украдено од народо откога он ќе те ничкоса наземи? А шо друго, освен да те изеј мрачината!

587. А бе можи секој секако, ама то не је убоо и здраво.

588. Народецу мој, идиотиве и апашиштава на власт се решени да опљачкаат и распродадат до последно твое! Ќе земеш ли конечно стапој в раце?

589. Немаат ни срам ни перде оти тие веќе ништо не им сокриваат.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 466-519

590. Ја не ти барам согласие, ами да мислиш со своја глаа.

591. Арамииве и будаливе клаени на власт од стратешкио партнер, и него го напраија арамија и будала.

592. Многу ми је жал за народо шо уште чека некој да го поведе во бој.

593. Си живеј ко бубрег во лој, а не ни помислуа оти бубрего во лој брго се разболуа и престануа да работи.

594. Нито ум, нито разум, нито мудро молчание.

595. Мојто дело је за живот.

596. Ме онеме твојта личота.

597. Саде љубовта непорочна је непореклива.

598. Влези во мојо свет, ако сакаш да узнајш колку је голем.

599. Дамна сум кажал шо кажуаат друзи сега. Како предупреда.

600. Стар создател ко дете шо си игра некоја негоа игра.

601. Кога не можиш да ме заборајш, тогај побарај ме.

602. Свецко дело од наш творец? Ни свецко ни наше кога не знајме ни за него ни за него.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 890-940

603. Откога ојде во заборав, ништо нема ни за него ни од него. То си је така.

604. Сакам да веруам дека ќе биди скоро, ама не ми се веруа.