Потребно време за читање: 4 минути

605. -Чоек, до кога вака?
-До последен.

606. -Ова кај нас политика?!
-Да бе, измеќарско-мафијашка.

607. Неарен си во умо кога бараш нешто убоо во грдост и мизерија.

608. Гледаш, слушаш, се крстиш со две раце и си велиш „Ќути, има и бетер!“

609. Лажиш, крадиш и си владејш во наречидржава со збришан народ.

610. Сам чоек без чоеци ништо не можи да напрај чоечко.

611. Наредено е да се притаат. Дур да се примират стадото овци и другата стока.

612. На чоек решен до смрт да остани чесен, многу лошо му је пишано во земја на апашишта и неранимајковци.

613. Има ли спас за нас ко народ на своја земја? Според мене, ко веќе да нема. То ептен ми го стега срцето.

614. Нема тргање напред, нема враќање назад, нема стоење во место. Свршено је сè.

615. Готово је!?
Злостори сегде околу нас и меѓу нас, а ние ништо не им можиме.

616. Ја уште жив али веќе мртов за тебе? Мене ми је исто. Оти сме биле дамна.

617. Натурен некому не можам ни да се замислам.

618. Велико дело на велик шо го нема нигде.

619. Ако је сè во свое време, тогај шо прајме со совреме и предвреме?

620. Ја знам дека власта је власт, каква да је, ама не смејме да дозволиме да владеј со животите ни.

621. Гледаш сеир, а не ни помислуаш оти и тебе ќе ти дојди редо.

622. На мојве години најпрв личен интерес ми је да бидам колку можи поздрав и прав до кога ќе бидам.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 466-519

623. Од потомците забораен оти ништо не им значат предците.

624. Многу ми је криво кога не је прао, а никој не се ни обидуа да го испрај.

625. Познаате друг ко мене? Ај покажете ми го.

626. Ем не можам ем не сакам да те забораам.

627. Баталете кој сум ја, шо сум, шо сум создал и шо создаам. Ја сум шо сум. Вие глејте се себеси шо сте.

628. Кој сака, можи да прочита нешто од мене пишано. Кој не сака, нека не сака.

629. Мојто знање саде за мене, мојта опитност саде за мене, мојто дело саде за мене…Ја за никој ем со никого.

630. Политиканто знај саде за интерес, не за политика.

631. Со пизма и измеќарство не се живеј ни од денес до денес ни од денес до утре, а камо ли од денес до задутре.

632. Мрачнина и празнотија во душите ни оти сè ни се прај од лошо полошо до најлошо.

633. Зар не гледаш, не слушаш и не читаш, чоече, оти не ти даваат спокојно ни да живуркаш!?

634. Кого ја сакам и пожелуам, то си је моја работа.

635. Немам ништо лично против тебе оти ич не си ми личен. Просто не поднесуам безлични.

636. Мислам, кажуам и докажуам оти имам шо.

637. Наш ќе биди срамо шо не знајме и предоцна ќе дознајме за наш велик чоек со велико дело.

638. Се повлекуам во мојве години оти веќе никому не сум му требен.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 717-781

639. Баш ми је мило ем драго шо се плашите од мојте мисли, зборој и дела, та морате да ме читате, слушате и следите.

640. А бе, оти си ми непријател? Зар не ти је доста то шо немаме ништо заедничко?

641. Ако не знајте али не сакате да градите, немојте да уривате.

642. На народо му требаат јаки, доблесни и зналци шо ќе го кренат на нозе и ќе го предводат.

643. И најмалото зло мора совреме во корен да се сосечи. За брго да не порасни.

644. Си терам своја политика и не дозволуам туѓа ни да ми се доближи.

645. Ја би на чело на луѓе со кренати глаи.

646. Од кога нема чоек ни на пат ни крај пат? Откога пато не је чоечки.

647. Сè е ојдено во бестрагија. Останаа уште неколцина луѓе сами.

648. Тебе те има и ќе те има дур си жив, ама нас скоро ќе нè нема.

649. Песната има свои зборој. Некој ги разбира, некој не.

650. Дур си со мене, неважно је до кај ќе стасаме.

651. Кога ни је сè во ред и ко шо треба, во живото ни је сè потамам.

652. Ја не знам, ама си знам.

653. Ја да ви кажам, а вие ја памтите ја мислете му ја.

654. Како секому, и мене ми се ближи крајо, па брзам да довршам шо појќе.

655. И да бев помлад и снажен, исто ќе ми беше ко шо ми је. Зато шо ми било.

656. Туѓински платеници, измеќари и мафијаши на власт ќе дозволат избрани од народо да ги развластат?! А бе ај!

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 258-282

657. На избори за власт ја секоаш сум гласал и ќе гласам за мене, за мојте потомци и за нас.

658. А какво друго сценарио за избор на нова власт, освен пеколно-за однапред избрани платеници, измеќари и мафијаши?

659. Како власта ќе напрај па да биди власт? Зини да ти кажи!

660. Убајната је убаа за себеси, ама је поубаа кога је и за друзи.

661. Сè појќе се случуа ем неслучајно ем изненадно.

662. Нема спокојни сни меѓу сомненија и надежи.

663. Го играат народо како им чини, а он веќе папсан од играње.

664. Старост без младост-забрзана умирачка.

665. Најарно за тебе је да си го туркаш животецо скраја од политички игри без граници.

666. Допрва мачно, болно, жално за сите нас и за секој од нас?! Несомнено!? Неминовно!?

667. Да, се врти тркалото, само дали нанапред али наназад?

668. Живот различен и заеднички ако сакаме. Смртта ко смрт-една иста и лична и заедничка.

669. Кој се плаши да дај мислење, да оцени или да суди за шо било од кој било, поарно да молчи сокриен во себеси.

670. Него одамна го нема, а со својто дело је меѓу нас жив.

671. Ко шо је докажано, глувците играат оро дури не дојди мачоро, а ко ќе дојди бегаат и се кријат. Он ги фаќа малите и слабите.

672. Љубима, љубовта ни не била права, та зато не остај никаква наша трага.