НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 258-282

Потребно време за читање: 2 минути

258. Исти деној и ноќи чекајќи си го крајо.

259. Угул гол си, а се мислиш облечен по европејски.

260. Ни со едни ни со други ни со трети. Сал свој на своему.

261. Не до толку, ами ич не му сечи умо.

262. Се заборајл самио откога сите го заборајле.

263. Го сркаш дробеното и допрва ќе сркаш од ними дробено.

264. Нашио свет е дамна без нас. Не уште мртов, ама ко без живот.

265. Политичарите сосе негојте политиканти те гледаат право в очи и те лажат лажејќи се себеси.

266. Ич да не ти је гајле шо мислат за тебе и твојто мислење.

267. А бе, вие сте ептен наудрени штом мислите оти народо ќе го пренесите жеден преку вода.

268. Ја со секој и со мене секој шо мисли со своја глава.

269. Си го туркам животецо и не си го тормозам умо со до кај ќе го дотуркам.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 941-1.000

270. Од мене напраено и создаено ништо за тебе? Баш ми је жал.

271. Прајш нешто во корист на сопствена штета?! Зар можиш?

272. Ме бараш кај шо ме нема, а добро знајш кај можиш да ме најдиш.

273. Паметните имаат жива мака со глупави на кои паметни туѓини им стајле свои јареми.

274. Знам ја како да станам богат, ама не ми даваат богатите.

275. Они скраја од тебе оти си над ними со умо.

276. Не се број шо сè сум минал и надминал во живото.

277. Дека не знаат шо праат, ти ни да помислиш да прајш некоја работа со ними.

278. Од мака не ми се збори, ама не можам да ќутам.

279. Ќе не огреј сонце кога нив мрачина ќе ги изеј.

280. -И шо?
-Како шо?! Па то!

281. Немаш ум кога одиш по туѓи итроштини.

282. Ништо не било меѓу нас, а не можи да биди оти ни ојдоа животите.