Потребно време за читање: 2 минути

366. Немој да ми кажуваш оти можи конструктивно против туѓински платеници, лигуши и предавници на народо.

367. Со пари од народо купуваат мир во од ними растурени куќи.

368. Бегај дури не почнале да те бркаат.

369. Крајо си го знајте, та зато сè прајте за брзо да не ви дојди.

370. Платени да ништат сега за по нив да нема ништо здраво и право.

371. Ако било шо било, значи уште ќе биди.

372. Пустелија зад вас, пустелија пред вас, пустелија во вас.

373. Ме остај сам саде да мислам на тебе.

374. Тврдоглав му је близок на тапоумен.

375. Не е добро да стоиш на свое кога ништо не ти оди оти предолго стоиш во место.

376. Не барај спас од оној пред кого коленичиш и му служиш.

377. На мудриот не му фали ништо оти можи без сè.

378. Бездарник-ништожник.

379. Не му требаш никому зашто си никој и ништо.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 466-519

380. Ти љубов ко никоја друга.

381. За да ни течи мед и млеко, треба да имаме пчелни семејства без многу трутој и стока шо се молзи.

382. Не је природна убајната шо се менува со годињето.

383. Му се можи на силнио ако слабио му дозволи и му се моли за нешто.

384. Кога не знајме шо и како можиме, не можиме да знајме ни кон каде, а камо ли до каде.

385. Секој можи со секој шо можи.

386. Он никако да созреј оти саде треси зелени.

387. Љубовта меѓу двајца почнува да гасне ко свеќа кога еднио ќе умри.

388. На мојо крај нема нов почеток. Значи, ја сум на крајо.

389. Се измачуваме оти нè мачат.

390. Многу валкани игри колку за свои, толку за туѓи интереси.

391. А зошто и за кого каква било трага од мене по мене? Не прашувам, ами се прашувам.

392. Можам, ама нема зошто.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 890-940

393. Пуста надеж оти утре за мене ќе биди поарно од денес. Зато шо којзнај дали денес има за мене утре.

394. Си зборам со тебе, љубима, а ти не можиш да ме слушниш.

395. Гол и бос истопорен пред народ ко да владеј со него.

396. Немаш каде оти си за никаде негде.

397. Жив ко мртов од шо не знајш да живејш.

398. Државнико је за држава, не за фамилијата си.

399. Политиката со лажги је крадачка.

400. Умна глава не се ведне пред никој.

401. Секој ден се докажува ко будала кој не је то од вчера.

402. Он кога је со тебе нема зборој за љубов.

403. Сакам да сум со секој шо можи без мене кога је со мене.

404. Велико ти је делото, велик чоеку.

405. Правам и творам за живи луѓе.

406. Не тргај по слепци ни на прав пат.

407. Пеј кога ни ти се збори ни ти се молчи.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 209-257

408. Чоек и на умирање од живото не се откажуа ако го живеал ко шо сакал.

409. Непорочна љубов и да сакаш не можиш да откажиш.