Потребно време за читање: 3 минути

466. Ујдурми ни прикриени, камо ли сокриени.

467. Толку многу се осилил шо да не му можи никој ништо, а он на својте да им можи шо сака и како сака.

468. Ја и натаму како досега, а ти терај си како сакаш.

469. Ти не можиш ни да замислиш шо му се прај на народо и шо ќе му се прај допрва. Сè дури не биди сотрен ко народ.

470. Бегај од мене ако сум ти досадил.

471. Ни во огледало не ти се догледуа сурато мразачки.

472. Трујачка ни го напраија животецо запустуачки.

473. Тешко тебе и на сите со тебе, голем чоеку, со зулумќари, апашишта и друзи неранимајковци на власт.

474. Не му дозволуам на ветриштето на забораво да ми го угасни огно на љубовта во домашното огниште.

475. Во секоја лага се крие вистина.

476. Времето ми је избројано, ама не знам до кога.

477. Народе македонски, ти само седи си мадро и моли Бога да те спаси од снемуање!

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 258-282

478. Не треба да сакаш за да си слободен ем свој, ами да бидиш.

479. На овие подлизурковци и измеќари на туѓини ние сме им за нигде.

480. Зар уплав од овие кои те дотуркаа до раб на бездна пред тебе?!

481. Барем излези на улица и со крената глава прошетај се низ неа. Да те види свето оти уште постоиш.

482. Шо велам тоа мислам и ни од збор не се откажуам.

483. Сардисан народ ничкосан наземи!

484. Ај ти како ја наместо ја.

485. Твоја прва и последна љубов? Оти немало друзи али имало ама ниедна не била ко таа!?

486. Не заслужува држава народ кој молчешкум ѝ измеќаруа на натурена предавничка и апашка власт.

487. Вистината боли, а можи и да разболи неизлечиво до смрт.

488. Ич не ќе је на арно она шо се прај во заднина.

489. Имало зошто да живејш ако те има откога те нема.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 366-409

490. Валканици од извалкани поданици на валкани.

491. Не си слободен кога не ти се слободни духо, мислата, зборо и делото.

492. Не прајш ништо свое штом уриваш, растураш и бришеш напраено од друзи.

493. Саде со љубов достојуваш на свои нозе.

494. Ова сè шо се прај со државичкава и народо е дно на дно без дно!

495. Пред времето ти, друзи без тебе по него.

496. Тежи секој збор шо је на место.

497. Ако је предоцна за попраање, почни сореме со праење.

498. Не можиш со мене? Ти си знајш зошто.

499. Тргај кон догледна цел. За да не лунѕаш.

500. Прај смислено и мислено. За да биди напраено.

501. Не знам зошто да ми требаш, ако не ти требам.

502. Љубима, како можиме ја и ти без нас?!

503. Политиканто владеј против народо со итроштини и лажги.

504. Мора да се најди јунак со јунаци кој ќе го поведи народо во борба за слобода и човечки правдини.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 1-23

505. Идиоти на власт саде идиотштини му праат на народо.

506. Колку појќе се сокрива, толку појќе се открива.

507. Мојо и твојо пат до наша раскрсница.

508. Се читаат и се слушаат прави зборој шо се на место.

509. Ја еден ко никој друг.

510. Ја на сцена, вие зад кулиси.

511. Слободна наша песна за наша слобода.

512. Многу жалам шо ја и ти од дамнина не прајме ништо за нас.

513. Кого нема, без него се можи или се мора.

514. Белки нешто од мене кажано и пишано је за паметење.

515. Моите гајлиња сè помалу на број, а сè потешки за снагата ми.

516. Непокорен дух на чело на народ.

517. Можиш и сакаш дури не мораш.

518. Исти деној и ноќи кога ништо не се работи, ниту се твори.

519. Неугаслива љубов во сето наше време.