Потребно време за читање: 3 минути

890. Апашишта на власт, апашишта за неа, апашишта со неа, апашишта без неа.

891. Сè без лице за да не излези на лице, сè криво шо да не можи да се испрај.

892. Не можам со ними оти немаме ништо за заедно.

893. Прво докажи си, па после докажуај ми.

894. До нигде не оди работава шо сама се работи.

895. Не му работи зад грб оти можи да ти го сврти грбо.

896. Вам ќе ви биди многу тешко од шо ними предолго им беше лесно.

897. Учи, учи, за неучен да не те клаат кај шо не ти је место.

898. Брани го огно во домашното огниште од пеплосуање.

899. Моја љубов пуста ем горешта, на која не ѝ се надеам.

900. До смрт не им се предавам на туѓини и слуги туѓински.

901. Нема твоја слобода без наша слобода.

902. Се собрале изроди и предавници да опљачкаат народ, па да се сокријат или усвет да фатат, а опљачканото никоаш да не го вратат.

903. Баш убоо шо секому му иди крајо и никој од судбата своја не можи да избега.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 88-126

904. Сè постудно оти сè помалу сонце нè огрева.

905. Сè до крајо на сите не је крај на последнио.

906. Ме онеме твојта красота, младо моме.

907. Еден стар бел дедо саде си пишува и дела создава, не надеајќи се на ништо за него и по него до смрт.

908. Се накотиле ѓубриња и идиоти шо да не можат без власт.

909. Годините му остајле толку длабоки траги на лице шо да не можи да се припознај себеси.

910. Глас не му се слуша, а по гласо се памти.

911. Едни гледаат пред себеси и стојат не знаејќи кон каде, а друзи догледуаат, согледуаат и тргаат напред.

912. На вртикапи им е најважно совреме да сетат од каде и кон каде дува ветро.

913. На некадарните брго им мини времето, а на кадарните никако да им дојди.

914. Тебе нигде те нема со мене.

915. Секакви убајни со љубов шо в срце си трај.

916. Само умо, опито и духо творечки се бесценети.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 258-282

917. Криво дрво не се испраа. Или до корен сечи го или откорни го, а на негоо место засади прао.

918. И крадачите имаат крај. Ако не совреме, тогај откога сè ќе испокрадат.

919. Ја не би седел со скрстени раце дури не падни мафијава од власт. Поготово оти му је натурена на народо.

920. Нито се жали, нито се јадосуа, а тоаро на плеќи му је сè потежок.

921. Шо ако брго скинам конци? Па ништо. Само ќе немам појќе конци за крпење на живото.

922. Ми идеш и во умо и на сон, а не знам ни кај си ни како си.

923. Многу се мешаа и измешаа сè за полесно да им оди мешањето.

924. Ако треба за власт, народо поделен и разделен ќе го наместат и да војва меѓусебно до истребуање.

925. Залудно упорито создаам дела? За мене не је оти со ними сум си ја.

926. Можи да идат убај деној, ама лошиве живото ни го пуздеросаа.

927. Меѓу забораањето и минливоста живуркање безнадежно.

928. Нашле за слугуање неранимајковци, растурикуќи, изроди, апашишта, злосторници и убијци, та му ги натуриле ко власт на народо за да го разнебитат и да напраат од негоата државичка шо намислиле.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ II, 466-519

929. Сум предупредил предвреме али совреме, ама било џабе.

930. Белки ќе те видам али чујам до умирачка, љубов зародена.

931. Можи он, ама не му прилега.

932. Толку голема омраза против народо се собрала во него, шо веќе не личи на чоек.

933. Не можиме заедно оти секој трга од живото на своја страна.

934. На крајо ќе се испотепаат меѓусебно од шо ќе нема ништо за крадење.

935. Уште не ги однела матната зашто уште нема кој да ја бистри.

936. Допрва ќе откријаме и согледуаме каков зулумќар је натуренава власт.

937. Проклети вие и проклето да ви је азното шо го украдовте од исконски народ во своја држава.

938. Ја ќе избереме наши, ја па туѓини на власт ќе ни изберат изроди, предавници, измеќари и апашишта.

939. До наша цел по наш пат.

940. Љубовта ми је во срцето сè дури ми чука.