Потребно време за читање: 2 минути

453. Тркалото на времето се врти ако си го свртел во свое време за да се врти по твоето.

454. Не си играј со огон запален за да те пеплоса.

455. Во секоја голема слика или нема мали или тие не можат ниту да се видат, ниту да се согледаат.

456. А да не рекол „Ружна си ко жена ми шо је ружа!“, ама не му се дочуло!?

457. Петел со пилешки ум се качил на буниште, та им закукуригал на кокошките!

458. Ако не мојш колку шо треба, тогај пробај колку мојш.

459. Не се бриши шо ти је пишано.

460. Кој шо сака нека речи за тебе, ти терај си по свое.

461. Нема ништо да се прај со ними, сем да се тера мајтап.

462. Тесно ни го кројат за долго и крпено да го носиме.

463. Брго ќе го пеплоса огон на незаживеана љубов.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 490-523

464. Лесно со простаци властољупци. За жива мака на народо се оние шо не можат без нив на власт, до власт и со власт.

465. Времево нито за нас со нив, нито за нив без нас.

466. Јас сум си бил и ќе си бидам шо сум, ама не саде ја и никој друг шо је.

467. Не ми је шо не ме знајш, ами оти не сакаш да ме дознајш.

468. Докажи си го за да ти биди докажано.

469. Имај бар до толку ум да не си со безумниве и никој од ними да не те купи за свој.

470. Со дело и во дело од тебе создаено да си постоиш.

471. Ако не ти је доста од мене, ја можам уште дур можам.

472. Џабе пробуаш да ја отсакаш, кога просто не мојш без неа.

473. Најстрашно је шо нечоеци денум-ноќум го ништат чоечкото во чоеко.

474. Ако ти је преку глаа од сигнало оти во месинџеро ти стигнала порака од мене, ти просто симни го да не го слушаш. А можиш да напрајш и ништо да не ти стига.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 292-310

475. Слуги на туѓини ко власт тргнале да дотолчат народ и негова држава, а нема кој да им го попречи пато.

476. Тие си ги полнат џебојте со крадени пари од народо и баш ги заболуа шо ти им ги откриваш крадбите.

477. Ми кажуаш прикаски за држава во која некои владеале чесно и за имање, среќа и убајни во живото на народо.

478. Ко секому, и мене ќе ми дојди редо ако је со ред.

479. Е, па сега пукни од мака оти ти је пред очи убајната на чупето шо те остај и се фати со друг.

480. Нема ни три грама ум во глаата, а ем бизнисмен ем властодржец!

481. Против ними мојш ако нема некој поддржател и плаќач зад ними.

482. Ќе биди предоцна за вас кога ќе ви дојди мачно то шо ви го праат однапред и одзади.

483. Со многу пари ништо не прајте, па ќе се најди некој кому ќе морате да му одгоорите кај се парите.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 418-452

484. Плитки во умо со полни и длабоки џебој!

485. Како можи детуле да заработи пари шо не се бројат, а ни мрсуло не знај да си го избриши?! Нешто ептен смрди.

486. Со мене можи секој чесен, достоен и шо ем можи ем знај.

487. Оној шо не знај колку пари има, или не троши ич или троши џабе.

488. Не значи оти нешто вреди ако је многу скапо.

489. Толку ми го погоди срцето, шо ни збор не ми се прозборуа.