Потребно време за читање: 2 минути

344. Можеш ти не како јас.

345. Отпосле ем помачно ем погајлечко.

346. Нема аир од одлагање на она шо мора да биди.

347. Ти си силен, ама немој ја да бидам посилен.

348. Пред да тргниш, мисли на враќање. Ако си со тој ниет.

349. Поарно не отворај уста кога не знајш.

350. Си засака моме за сакање цел живот.

351. И шо прајме кога нам ни је доста, а вам ви је малу од шо ви је многу?

352. А бре властодршци недоквакани, кој ве учел оти слободата на народо се брани со неслобода во негова земја?!

353. Најмногу ме секира то шо нè дотуркаа на рабо на провалијата на бедата и сиромашијата.

354. Знајш заошто сум народен чоек? Аато шо сум со народ за народ.

355. Колку шо ми је мене познато, власта ја фаќа нервозација кога је пред паѓање, а се напиња да не падни.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 705-749

356. Остајте ме да си ја туркам староста колку шо ми је даена. Глејте се вие млади во свето каков шо ќе ви се остај.

357. То шо си сал моја во мој свет, то си је моја работа.

358. Добро је шо поради годињето чекоро ми је сè позабаен, ама ми је уште стамен.

359. Жива срамота је да крадиш од голема историја на мал сосед, а бидејќи си голем ама твојата је мала.

360. Ја никому не му барам да ме чита али слуша. Кој нејќи, нека мижи али нека си ги затни ушите.

361. Да си знајте, изроди и апашишта, народо скоро ќе ви го најди крајо. Шо си го знајте оти је еден за сите ко вас.

362. Ти ко да сакаш да војваш со мене?! Пази да не ти преседни сакањето!

363. Силата се обессилуа али не ѝ се дозволуа да се сили.

364. Овозможуаш без забрануање. Забрануаш оти не знајш и не можиш да овозможуаш.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 586-624

365. Се плаши од народо власт ненародна ем однародена.

366. Секоаш ред и мир за во мир.

367. Било и ќе биди:
Власта прај пријателство али непријателство меѓу народи. Според намислено за кусо и долго време.

368. Варди се од комшија шо нејќи да ти биди добар. Таквио ти станал комшија насила али од немајкаде.

369. Чоек се раѓа слободен за цел живот да биди слободен.

370. Шо поскоро инаку, кога веќе не можи вака.

371. Со поматени умој на власт да си немаш работа!

372. Нема спас од гнев на кроток и трпелив народ.

373. Ја, ти и они со добра мисла денес кон утре.

374. Љубов за живот со безгранична љубов.