16. Стига
И во чекор и во стој
стига сè, без оглед
дали е кога е,
колку е ден за мене.
Кога сум во чекор
несомнено стига сè
за секој со мене
на близок
или далечен пат.
Кога сум во стој
стига сè само ако
ме крепат нозете;
зашто сум стоел,
стојам
дури да достојам
пред какво било
премреже на самост
со која се соживеав.
Стига сè
за крај на мојата
великост
и почеток на мојата
дребнавост.